Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Новиот предлог модел за субвенционирање презентиран пред лозарите од Тиквешкиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Новиот предлог модел за субвенционирање презентиран пред лозарите од Тиквешкиот регион
АгровестиСубвенции

Новиот предлог модел за субвенционирање презентиран пред лозарите од Тиквешкиот регион

Објавено 28/10/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот советник во министерството, Трајан Димковски, денес во Кавадарци остварија средба со земјоделците од Тиквешкиот регион пред кои го презентираа новиот предлог модел за субвенционирање во земјоделството.
Преку Агро Советот и подескторските групи на министерството новиот предлог модел за субвенционирање беше криеран заедно со земјоделците.

„Предлог новиот модел за субвенционирање дава решение за сите досегашни проблеми кои ги имаше досегашниот систем за субвенционирање. Новиот модел ќе биде побрз и поефикасен, а поддршката е насочена кон вистинскиот земјоделец, чија основна дејност е земјоделството. Не кратиме ништо од досегашната поддршка која ја добиваа земјоделсците, туку напротив неа ја зголемуваме и реорганизираме во повеќе програми кој ќе дадат поголема ефикасност. Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство го заменуваме со нов decoupling систем каде земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство“, истакна на средбата министерот Николовски.

Новиот предлог модел ги става сите чинители во еден организиран систем и ја намалува можноста за плаќање во готово спречувајќи ја сивата економија. Систем кој има зголемен обем на контроли и систем кој гарантира поголемо производство на домашна храна.

„ Сите земјоделци би добивале основна субвенција која авасно би се исплаќања во висина од 30% од сумата, а ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба и 70% дополнителни субвенции кои се врзани со принос, но и предавање во регистрирани капацитети. Тоа значи дека земјоделците кои произведуваат стратешки значајни култури и производи, користат сертифицирано семе и своето производство ќе го предадат во регистрирани домашни капацитети или производството ќе го искористат за сопствени потреби создавајќи финален производ, ќе имаат можност да ги добијат овие дополнителни субвецнии за остварен принос“, истакна на средбата Трајан Димковски, државен советник во министерството.

Развојот и модернизацијата на македонското земјоделство е важна цел на која министерството и АФПЗРР заеднички работат изминатиов период.

„Креираме нова мерка за поддршка на земјоделците, односно бизнис план во земјоделството. Мерка која ќе биде отворена цела година преку Програмата за рурален развој и која на земјоделците им дава можност сами да одлучат во што ќе инвестираат. Тогаш кога се тие поготвени, да направат бизнис план и да аплицираат, инвестирајќи во нова опрема или механизација. Поракај програмата за Рурален развој на располагање ја ставаме и новата ИПАРД 3 програма, каде на располагање имаме 210 милиони евра средства наменети за инвестиции во наредните 7 години. Она што е ново кај оваа програма е што обезбедуваме можност и за авансна исплата на 50% од поддршката, а се олеснува и прагот за минимум прифатливите трошоци по проект за мерките 1, 3 и 7 од ИПАРД 3 прогамата“, истакна на средбата директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.

Оваа година преку заеднички дијалог меѓу лозарите и откупувачите постигнавме добра и рекордна откупна цена на грозјето, а поддршка во извозот на македонското вино преку Интервентната програма беше обезбедена и за винариите. Со новиот предлог модел за субвенционирање на лозарите покрај основите субвенции, како дополнителна субвенција се утврдува поддршката за винското и трпезно грозје.

Успешниот развој на малите семејни винарии беше мотив за креирање на развојна програма за поддршка на малите семејни винарии, со цел нивен понатамошен раст и развој, обезбедувајќи грантза поддршка од 10.000 евра, за набавка на опрема за производство и пакување на виното.

Како министерство многупати сме покажале и докажале дека работиме за земјоделците, без селекција или партиски поделби, секоја идеја и сугестија за развој на овој концепт е добредојдена. Плански вложуваме во развој на македонското земјоделство, со крајна цел стабилно и зголемено домашно производство на значајни култури и производи, а преку тоа помала увозна зависност на државата од стратешки култури.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:тиквешки регион
Претходен напис Erica carnea или зимска капа, кралица на зимата – Декоративна зимзелена грмушка која ќе ја ублажи есенската меланхолија
Следен напис Русија тврди дека само три отсто од извозот, според договорот за жито со Украина, оди во најсиромашните земји
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?