Erica carnea со бојата на нејзините цветови и ливчиња ќе ја ублажи есенската и зимската меланхолија и ќе направи секој простор или градина да изгледа попривлечно, поубаво и подинамично.
Родот Erica има повеќе од 800 видови растенија. Некои видови се одгледуваат како собни растенија. За нашето поднебје најинтересна е Erica carnea, која добро ги поднесува ниските зимски температури. Во времето на зимското сивило, оваа грмушка е во полн сјај.

Растението кај народот е познато и како зимска капа поради неговото рано цветање, честопати првите цветови излегуваат под снежната покривка, и изгледа како секое цветче да има снежна капа.

Erica carnea расте како грмушка со висина од 25-30 см, а во ширина може да достигне половина метар. Листовите се како иглички, со интензивна зелена боја и многу декоративни.
Фенофазата на светање е крајот на февруари/почетокот на март. Зимзелената грмушка со спектакуларен цвет идеално може да се вклопи во цветните групации и да ја најави симфонијата на боите што ќе следат по расцветувањето. Медоносно растение кое овозможува пчелите да создадат квалитетен темен мед.

САДЕЊЕ И НЕГА
Почвата мора да биде добро пропустлива за да не се задржува вишокот вода во близина на корените на растението и благо кисела. Се наводнува со дождовница или отстоена вода. Одвреме навреме прскајте ги и листовите. Ако зимата е остра, а сте ја насадиле грмушката на отворено, заштитете ги корените на растението со гранчиња или мулч.

Режењето, како и кај другите цветни грмушки, се врши веднаш по цветањето. Отстранете ги овенатите цветни гранчиња и на овој начин ќе ја одржите густината на грмушката и ќе го поттикнете растот на нови ластари. Вака го подготвувате растението за следната сезона, во која грмушката ќе биде побујна и поубава.
Билката толерира сончеви или полусончеви позиции. Не е пребирлива за почвата, а спаѓа во групата на издржливи растенија и во зима и во лето.
За повеќе информации јавете се во „Green Planet“ на 02 306 7747 или посетете го расадникот кој е лоциран на улицата „Илинденска“ 88, во близина на Зоолошката градина и изобилува со најразлични цвеќиња и други декоративни растителни видови.
