Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови средства на располагање за сите кои подигнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади, ароматични растенија или медоносна флора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Нови средства на располагање за сите кои подигнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади, ароматични растенија или медоносна флора
Субвенции

Нови средства на располагање за сите кои подигнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади, ароматични растенија или медоносна флора

Објавено 30/08/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите земјоделски стопанства кои во периодот од 1 септември 2020 година до 31 март 2021 подигнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади или ароматични растенија и медоносна флора (еводија, багрем и фацелија) ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 121 „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“.

Финансиската поддршка за прифатливи трошоци по корисник изнесува 2,5 милиони денари.
За да може да се аплицира за добивање на оваа поддршка потребно е барателите садниците да ги имаат набавено од снабдувачи кои се запишани во регистарот на снабдувачи на семенски материјал и во регистарот на снабдувачи на саден материјал.

Средствата се обезбедени преку програмата за рурален развој, а оваа поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за кофинансирање се зголемува во случаите кога:

  • носител на инвестицијата на земјоделско стопанство е млад земјоделец, поддршката за оваа категорија е до 55% од прифатливите трошоци
    -за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%
    -за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65%
    -за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%

Барањата за оваа мерка се доставуваат електронски со извршена регистрација на е-baranje.ipardpa.gov.mk
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци и да прикачат задолжителни електронски документи (фактури или сметкопотврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачаните садници, уредно заверени, решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од три месеци од денот на објавување на јавниот повик, фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот, образец на Договор уредно заверен со потпис и печат.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

  • Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e-baranje.ipardpa.gov.mk
  • Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на Барање за исплата може да се превземе на почетната страна на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката.

Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година, заедно со целокупната документација во оригинал треба уредно да е заверено со потпис и печат од барателот. Така комплетираната документација во оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0821-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на барањето.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30. 09.2021 година.

Може да ви се допадне

Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Денеска се ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ за ОВЦИ за 2025 година
Таг:лозови насадимедоносна флора
Претходен напис Извозот на свинско месо во ЕУ зголемен во првата половина на 2021 година
Следен напис (Фото) Момчило Антонијевиќ од Ужице познава 400 тревки и е еден од најбараните тревари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?