Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Момчило Антонијевиќ од Ужице познава 400 тревки и е еден од најбараните тревари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) Момчило Антонијевиќ од Ужице познава 400 тревки и е еден од најбараните тревари
Магазин

(Фото) Момчило Антонијевиќ од Ужице познава 400 тревки и е еден од најбараните тревари

Објавено 30/08/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако тревките се собираат цела година, сепак летото е најважна сезона за берење. Момчило Антонијевиќ (41) последниве месеци ги собирал на Златибор, Златар, Космај и во Овчарско-кабларската клисура.

Оваа година за прв пат организирал двомесечна настава за познавање на лековити треви „Биљарница“, па со учесниците одел на берење и запознавање со лековити треви на неколку локалитети во близина на Белград, пренесува порталот Pricesadusom.com.

Фото: Instagram

Овој Ужичанец во 2013 година го отворил јутјуб каналот „Snaga bilja“ и истоимениот сајт, кои во последниве осум години добиле стотина илјади прегледи и посетители од сите краишта на светот. Момчило вели дека сѐ повеќе луѓе посакале повеќе време да поминуваат во природа и да научат нешто за тревките, дрвјата, дивото овошје и печурките.

Фото: Instagram

„Епидемијата ни го привлече вниманието на една многу важна работа, дека тревките првенствено треба да бидат моќно оружје со кое го чуваме здравјето, добра превентива и лек кој ни помага нашиот организам да функционира беспрекорно. Често се јавуваат луѓе кои имаат проблеми со варењето, со нервозни црева и болки во желудникот. Чести се уринарните инфекции, нервоза, несоница и кожни заболувања.“, вели тој.

Фото: Instagram

„Иако сум самоук, веројатно имале влијание и генетските врски. Моето семејство има куќа на Златибор, а на оваа планина поминував многу време и стекнав основно познавање за тревките. Секогаш знаев каде има шумски јагоди, на која страна треба да се бараат печурки и многу брзо научив да ги собирам тревките кои секогаш ги имавме дома: диво нане, мајчина душичка, кантарион, ајдучка трева, трева ива. Правам чаеви, мелеми, тинктури, ракии треварки, вино со лековити тревки, но и природни фарби за коса. Следната година целосно ќе се посветам на правење на лековити производи.“, објаснува Момчило.

Фото: Instagram

Секое утро Момчило го започнува со задолжителна шолја чај. Видот на чајот го емнува во текот ан годината а моментално пие вранилова трева.
Таа е позната по силното антисептично дејство на грам позитивни и грам негативни бактерии, предизвикувачи на инфекции во органите за варење, дишење и мокрење.

Фото: Instagram

„Оваа тревка го намалува потењето, па особено е погодна за лето. Има и фантастичен вкус. Во текот на денот пијам и тинктура од лековитата печурка, реиши, која го зајакнува нашиот имунолошки систем и ни помага да останеме здрави. За крај на денот бирам шолја чај од маточина која смирува, опушта и помага полесно да запиеме“, вели Момчило.

Фото: Instagram

Неодамна почнал да објавува фотографии од јадења од самоникнати билки, чии рецепти ќе ги напише во својата нова книга. Еден од нив е и планинскиот појадок со гавез, јајца и сланина.

Фото: Instagram

„Станува збор за еден специфичен Готвач, со кулинарски рецепти кои не се претерано комплицирани, а во кои задолжително се користат лековити, диви и самоникнати треви. Рецептите се формулирани така што секој може релативно лесно да ги подготви, јадењата да бидат повкусни, поздрави, и да се зголеми степенот на дивина во нашата кујна, бидејќи самоникнатите тревки ги користиме занемарувачки малку“, додава Момчило.

Фото: Instagram

Извор: pricesadusom.com

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:тревар
Претходен напис Нови средства на располагање за сите кои подигнале нови повеќегодишни лозови, овошни насади, ароматични растенија или медоносна флора
Следен напис Водостојот на Преспанско Езеро два сантиметра под апсолутниот минимум
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?