Извозот на свински производи од Европската Унија во трети земји се зголеми за 19 проценти во 2020 година, во споредба со 2019 година.
Во првата половина на 2021 година, имаше уште едно зголемување од речиси 17 проценти, или 2,96 милиони тони, во споредба со 2020 година. Треба да се напомене дека овие податоци се однесуваат на 27 земји од ЕУ, односно без Велика Британија, и се базирани на тековните податоци од Европската комисија.
Со 57 проценти учество во првата половина на 2021 година, Кина останува убедливо најголемиот купувач од ЕУ. Испораките на свински производи во земјата се зголемија за уште 6 проценти, на околу 1,69 милиони тони. Треба да се напомене дека извозот на ЕУ во Кина во 2020 година, во споредба со претходната година, веќе е зголемен за 45 проценти. Познато е дека причината за зголемувањето на побарувачката се големите загуби во кинеското домашно производство на свињи предизвикани од африканската свинска чума.

Извозот на производи од ЕУ во Јапонија падна за 13 проценти во првата половина на 2021 година и оди до 170.000 тони. Од друга страна, имаше зголемување на извозот во Јужна Кореја за речиси 3 проценти, односно 112 илјади тони. Испораките кон Хонг Конг се зголемија за 9 проценти (108 илјади тони), а Филипините исто така беа важен купувач со 185.000 тони.
Извозот во САД се зголеми за повеќе од една третина (+ 37%) на 64.000 тони.
Европската Унија е втор светски производител на свинско месо по Кина и најголем извозник на овој вид месо и месни производи. Главните производители на ЕУ се Германија, Шпанија и Франција и претставуваат половина од вкупното производство на ЕУ. Европската Унија извезува околу 13 проценти од вкупното производство.
Извор: agroklub.com
