Во Русија започна изградбата на првиот пластеник за одгледување банани. Во земјата може да се одгледува „се“ , изјави министерката за земјоделство на Русија Оксана Лут на форумот „Биопром-2025“ во Геленџик.
„Трендот за банани започна минатата година. Сега започнува изградбата на првиот пластеник за банани“, рече министерката.
Според неа, неодамна од неа било побарано да обезбеди садници од црвено киви, кое никогаш не растело во Русија. „Можеби сега изгледа смешно, но објективно можеме да одгледуваме што сакаме“, нагласила Лут, пренесува „Спутник“.
Во февруари, раководителот на Центарот за професионална експертиза на Роселхозбанк, Олег Књазков, соопшти дека Русите можат да очекуваат проблеми со испорака на банани од Еквадор поради забраната за увоз на производи од пет еквадорски производители.
Тој тогаш напомена дека привремениот недостиг може да го надокнади со одгледување банани во Русија.
