Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Амбасадата на Република Кореја потпишаа Меморандум за соработка во областа на безбедноста на храната, ветеринарството и олеснувањето на билатералната соработка.
Меморандумот беше потпишан во Скопје, од директорот на АХВ, д-р Оливер Миланов, и амбасадорот на Република Кореја, Н.Е. Ким Донгбе.

Соработката опфаќа размена на информации, знаења и искуства, унапредување на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, зајакнување на институционалните капацитети и олеснување на комуникацијата за пристап до пазарите и билатералната трговија.
Со овој Меморандум се отвораат нови можности за поврзување на надлежните институции, експертите и деловните заедници од двете земји.


