Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите од Кочанско бараат од пратениците да ја поддржат владината мерка за интервентна финансиска помош
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите од Кочанско бараат од пратениците да ја поддржат владината мерка за интервентна финансиска помош
Агровести

Оризопроизводителите од Кочанско бараат од пратениците да ја поддржат владината мерка за интервентна финансиска помош

Објавено 07/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Членовите на Здружението на оризопроизводители „Бело злато“ од Кочани бараат од пратениците да дадат едногласна поддршка на владината одлука за интервентна финансиска помош од три денари за предаден килограм оризова арпа.

На денешната прес-конференција земјоделците истакнаа дека очекуваат на првата наредна седница на Собранието да даде согласност за дополнителната мерка, со што исплатата на помошта ќе може да почне пред новогодишните празници.

– Ги повикуваме сите пратеници, посебно оние од регионот, да дадат поддршка за оваа мерка што е дел од владината ковид програма. Покрај редовните субвенции за производство на ориз, преку владиниот Генерален секретаријат треба да се исплатат уште по три денари за килограм арпа што земјоделците ја предале кај овластените откупувачи во периодот од 1 јануари до 15 декември годинава. Со тоа корист ќе имаат околу 1200 оризопроизводители од кочанскиот регион, при што за околу 20 илјади тони арпа ќе бидат исплатени дополнителни 60 милиони денари. Сметаме дека се работи за позитивен исчекор на ресорното министерство и на Владата, со што во вистински момент на земјоделците ќе им се надомести дел од загубата поради ниските откупни цени, истакна Зоран Борисов од Здружението „Бело злато“.

Од Здружението нагласија дека покрај интервентната финансиска помош, редовните субвенции за оризот се зголемени од 25 на 30 илјади денари за хектар, а пораст од 50 на 70 отсто има и кај надоместокот за „зелена нафта“.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кочанскоОризопроизводителитепомош
Претходен напис Перо Костадинов: Се движиме напред заедно
Следен напис Новата европска земјоделска политика стапува на сила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?