Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова жетва, нови цени – 430 евра за тон пченица!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Нова жетва, нови цени – 430 евра за тон пченица!
Пазари

Нова жетва, нови цени – 430 евра за тон пченица!

Објавено 18/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на житарките продолжуваат да растат. Во петокот на европскиот пазар се тргуваше со новата реколта по цена од 417 евра за тон, а во Хамбург за лебната пченица беа понудени 420 евра за тон, наведува Агрархеуте. Во новата недела влеговме со нов скок на цените. MATIF почна со 430 евра за новата реколта.

Се очекуваше Индија годинава да пријави рекордни количини и со тоа да го компензира дефицитот на светскиот пазар. Меѓутоа, екстремниот топлотен бран ја намали жетвата во производствените региони и ги подигна цените на рекордно ниво на домашниот пазар. Владата вети дека ќе дозволи извоз на жито според претходните договори.

И додека Индија го запира извозот поради високите температури и рекордните цени, американското Министерство за земјоделство (USDA) ја процени претстојната жетва на 108,5 милиони тони, а извозот на 8,5 милиони тони, и покрај топлотниот бран.

Дека пазарот не мирува во САД покажува и растот на фјучерсите на пченицата во Чикаго, кои во понеделникот пораснаа за шест отсто од дневниот лимит откако Индија го забрани извозот, а домашните цени достигнаа рекордно високо ниво. Аналитичарите го критикуваат очекуваното зголемување на производството на оваа житарка од страна на американскиот Стејт департмент, каде што последното истражување објавено минатата недела покажа дека 39 отсто од зимските залихи се во лоша и многу лоша состојба, двојно повеќе од претходната година.

И приносот во Украина ќе биде помал. USDA во својата прва прогноза за новата жетва 2022/23 прогнозира дека Украина ќе има една третина помалку пченица и дека производството на пченка ќе опадне за 54 проценти. Според нивните проценки, руското производство на пченица се очекува да се зголеми за повеќе од шест отсто, што би ја ставило Русија на позицијата водечки светски извозник на оваа житарка со околу 39 милиони тони или 19 отсто од светската трговија.

USDA предвидува глобални залихи на крајот на производниот циклус на 279 милиони тони, што е за 4,1 отсто помалку од претходната година, а до крајот на следната сезона повторно ќе се намали за 4,3 отсто на 267 милиони тони.

Во Канада се очекува добра жетва

Падот на приносите во Австралија ќе се надомести со добрата жетва во Канада каде што се очекува принос од 33 милиони тони.

Прогнозите не се оптимистични кога станува збор за Европската Унија каде што сушата ги мачи земјоделците во Франција и Германија. Се очекува умерен пад на новата жетва на тврда и лебна пченица од 138,4 милиони тони на 136,5 милиони тони.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Таг:пченица
Претходен напис Министерот Николовски најави 4 нови мерки и помош за земјоделците
Следен напис Нафтата на светските берзи е најскапа во последните седум недели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?