Најавувам 4 нови мерки кои ги донесовме на вчерашната владина седница во интерес на земјоделците:
-Обезбедуваме дополнителни 3 денари по килограм за оризова арпа продадена во регистрирани капацитети за откуп.

-Обезбедуваме 3 денари по килограм за јаболка предадени во преработувачки капацитети.

-Обезбедуваме дополнителни 3000 денари за женски приплодни грла маторици кои се одгледуваат во одгледувалишта, и исполнуваат услови за биосигурност.

-Го поттикнуваме договорното производство за сончоглед,односно целото производство ќе мора да заврши во македонските препработувачки капацитети.

-И во време на светска криза, преку низа мерки го поддржуваме домашното производство и го зајакнуваме македонското земјоделство.
Фејсбук статус на министерот Љупчо Николовски
