Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нафтата на светските берзи е најскапа во последните седум недели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нафтата на светските берзи е најскапа во последните седум недели
Агровести

Нафтата на светските берзи е најскапа во последните седум недели

Објавено 18/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата на меѓународните пазари се највисоки во последните седум недели, а тоа се должи на влијанието на напорите на ЕУ да воведе забрана за увоз на енергенси од Русија и очекувањата за поголема побарувачка по олеснувањето на кинеските мерки за спречување на коронавирусот.

Цената на барелот на лондонскиот пазар во пладневната трговија се зголеми во однос на претходното затворање за 1,26 долари, на 115,50 долари. На американскиот пазар се зголеми за 1,17 долари, на 115,37 долари.

Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера не успеаја да ја убедат Унгарија да го укине ветото на предложеното ембарго за увоз на нафта од Русија. Но, некои дипломати веруваат дека постепена забрана за увоз на руска нафта може да биде договорена на самитот на 30-31 мај.

Цените се зголемени и од надежите за закрепнување на побарувачката поради олеснување на мерките за заклучување во Кина, но и растечките геополитички тензии меѓу ЕУ и Русија поради најавеното зачленување на Шведска и Финска во НАТО.

Зголемувањето на цените го донесоа и бројките што покажуваат дека членките на ОПЕК и партнерските производители, вклучително и Русија, во април произвеле многу помал износ од договореното за постепено ублажување на рекордните намалувања на производството за време на пандемијата во 2020 година.

Тука е можен и дополнителен пад на залихите на гориво во САД. Неделните извештаи за залихи се очекува да покажат зголемување на залихите на сурова нафта и пад на залихите на деривати и бензин.

ОПЕК вчера соопшти дека цената на барел нафта на нејзините членки вреди 113,07 долари и е зголемена за 70 центи во однос на претходниот работен ден.

Може да ви се допадне

Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Таг:нафта
Претходен напис Нова жетва, нови цени – 430 евра за тон пченица!
Следен напис Забавен развојот на житарките, земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?