Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова поддршка од ФИТР за поттикнување на социјалното претприемништво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нова поддршка од ФИТР за поттикнување на социјалното претприемништво
Агровести

Нова поддршка од ФИТР за поттикнување на социјалното претприемништво

Објавено 14/09/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бизнисите на поинаков начин да ги гледаат работите – наместо само кон профитот, да бидат свртени и кон природата, општеството, човекот, а претприемачите, посебно младите, својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку и на својата заедница. Со овие две клучни пораки денеска беше презентиран првиот Повик за поттикнување на социјалното претприемништво што го реализира Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Бизнис Импакт Лаб.

Повикот предвидува кофинансирање социјални претпријатија кои се фокусираат на минимум една од целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Ќе се бараат решенија кои ќе овозможат ставање крај на сиромаштијата во сите нејзини форми, крај на гладувањето, безбедност на храната, подобрување на исхраната, како и промоција на одржливо земјоделство. Другите цели се обезбедување на инклузивно и еднакво квалитетно образование, и промоција на можностите за доживотно учење на сите. Ќе бидат поддржани и проекти кои имаат за цел постигнување родова еднаквост и охрабрување на жените и девојчињата како и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст преку вработување и пристојна работа за сите.

Како што беше речено на презентацијата, Повикот проектиран на шест милиони денари поддршка, е отворен за здруженија на граѓани, за трговски друштва кои во моментот на аплицирање постојат не повеќе од шест години, како и за тимови составени од две до пет физички лица. Објавен е на 9 септември, а а крајниот рок за аплицирање е на 22 октомври 2021 година до 14.00 часот. За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува до 90 отсто од вкупниот буџет, но максимум 1,5 милиони денари, додека апликантите треба да обезбедат најмалку 10 проценти од вкупниот буџет на проектот. Спроведувањето на проектот може да биде до 12 месеци, но ФИТР врз основа на оправдани околности може да одобри продолжување до шест месеци.

-Горд сум што првпат инвестираме во развојот на социјалното претприемништво и што Фондот првпат нуди решенија за некои од клучните предизвици со кои се соочува социјалното претприемништво во земјата, како недостатокот на поддршка за финансирање и способност за скалирање односно подигање на работењето на следното ниво. Преку овој Предизвик, со создавање вистински деловен модел и стратегија, им помагаме на социјалните претприемачи да создадат модел кој е истовремено влијателен но и финансиски одржлив, рече директорот на ФИТР, Коста Петров.

May be an image of 1 person and indoor

Главните критериуми според кои ќе се врши оценувањето на предлог проектите, напомена Петров, се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал за примена, односно пазарен потенцијал и влијание на проектот.

-Во случај кога како натпреварувач се јавува тим или здружение на граѓани и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, натпреварувачот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51 отсто од членовите на тимот, објасни директорот.

Партнерите на Повикот „Паблик“ и Бизнис Импакт Лаб ќе обезбедат индивидуална менторска поддршка за избраните натпреварувачи во делот на комуницирањето на импактот, а ќе овозможат и пристап до национални и глобални програми за скалирање на нивните бизниси.

-Капитализмот што го живееме денес не ги даде очекуваните резултати. Напротив, направи големи штети во општествата. Верувам дека овој Повик е насока за создавање поодговорен систем во кој сите ние имам свој удел. Преку Повикот ќе се трасира патеката кон еден ваков систем, но ќе се обезбедат и финансиски инструменти за актуелните социјални претпријатија и оние кои во иднина треба да се развиваат. Ова е на некој начин апел до бизнисите на поинаков начин да ги гледаат работите – наместо само кон профитот, да бидат свртени и кон природата, општеството, човекот. Овој повик воедно ги насочува младите претприемачи и ја култивира нивната намера својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку и на својата заедница, изјави извршна директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски.

May be an image of 1 person and standing

Според Кристијан Милески, менаџер и ко-основач на Бизнис Импакт Лаб, ФИТР има јасна цел кога станува збор за подигање на капацитетите на социјалните претпријатија.

May be an image of 1 person

-Индивидуалните менторски сесии уште повеќе ке го зајакнат импактот кон кој се стремат претприемачите и ќе биде од особено значење кон нивниот пат за раст и развој како на домашниот, така и на глобалниот пазар, рече Милески. Процесот на аплицирање за Предизвикот и целата проектна документација се достапни на веб страницата на Фондот: https://fitr.mk/sp. Рокот тече од 9 септември, но промоцијата е денеска поради трагедијата во тетовската модуларна болница. Затоа и рокот за аплицирање, како што истакна директорот Петров, е продолжен за 15 дена.


Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ФИТР
Претходен напис Сопственици на рибници на Тиквешко Езеро бараат да не се испушта нагло вода од езерото
Следен напис До петок температурата до 35 степени, во сабота дожд, а од недела опаѓање на температурата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?