Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Од Кочани почнува теренска кампања за запознавање на земјоделците со новите мерки, оризот ја има највисоката откупна цена досега
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Од Кочани почнува теренска кампања за запознавање на земјоделците со новите мерки, оризот ја има највисоката откупна цена досега
Агровести

Николовски: Од Кочани почнува теренска кампања за запознавање на земјоделците со новите мерки, оризот ја има највисоката откупна цена досега

Објавено 24/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посети компанијата за откуп, преработка и пласман на ориз „Левидиагро“ во Кочани, при што го претстави новиот модел за поддршка на земјоделските производители.

Мерките коишто се дел од Програмата за рурален развој, што беше усвоена на последната владина седница, ги вклучуваат барањата на земјоделците од кочанскиот регион и се однесуваат на оризот, но и на другите земјоделски култури.

-Во нашите програми нема повеќе 90 различни култури, туку се фокусираме на она што е значајно за државата со цел да произведеме повеќе домашна храна, да ја предадеме во преработувачките домашни капацитети, на долг рок да го зголемиме производството и да го намалиме увозот. Во Програмата за рурален развој усвоена е мерка со која ги помагаме откупувачите и преработувачите на бел ориз при трошоците за амбалажа и за откуп наменет за извоз. Поддршката од оваа мерка изнесува 2,5 денари за пакување во најлонска амбалажа од 500 грама, потоа пет денари за пакување во најлонска амбалажа за килограм и 10 денари во пакување со хартиена амбалажа до еден килограм бел ориз. Денеска од Кочани дека почнуваме голема кампања за теренски средби каде што ќе ги запознаваме земјоделците со повиците, со мерките, со начините како и кога да аплицираат, а во кампањата ќе бидат вклучени и нашите социјално-економски партнери, Агенцијата за поддршка на развој на земјоделците, структурите на Министерството и сите засегнати страни. Гледаме дека без никакви проблеми се одвива и откупот на оризот и ја имаме досега и највисоката откупна цена на оризовата арпа која се движи од 30 до 36 денари за килограм, истакна министерот Николовски.

Покрај редовните субвенции за оризопроизводителите, Министерството за земјоделство ќе продолжи со другите мерки за поддршка, пред сè за набавка на нова механизација, односно специјализирани комбајни и сушари за ориз.

-Новина е што за зголемена поддршка на земјоделците на кои главна дејност им е земјоделското производство, креиравме мерка за нов бизнис план што ќе биде отворена од 15 март до крајот на ноември. Ја менуваме суштината на инвестициската Програма за рурален развој, со што во текот на целата година, во кој било момент, земјоделците кои потпаѓаат под ова категорија ќе можат да аплицираат без да чекаат повици и рокови. Секогаш кога ќе бидат подготвени, ние сме овде да им помогнеме, ќе можат да аплицираат за грант од 10 илјади за поддршка на нивната инвестиција. Во нивниот бизнис план тие ќе треба да побараат и кажат што е тоа што им е потребно, дали е опрема или друг вид инвестиција, а за оваа мерка издвојуваме 120 милиони денари, но подготвени сме во текот на годината таа да биде надополнета, додаде министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:николовски
Претходен напис Нова мерка за поддршка на откупувачите и преработувачи на бел ориз за најлонска и хартиена амбалажа за поголем извоз и нови пазари
Следен напис Станкоски: Земјоделците да не потпаѓаат на шпекулации и да се информираат, Инспекторатот и останатите надлежни институции се отворени за соработка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?