Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов Зеланд ја зголемува минималната дневница, но и даноците за богатите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов Зеланд ја зголемува минималната дневница, но и даноците за богатите
Агровести

Нов Зеланд ја зголемува минималната дневница, но и даноците за богатите

Објавено 31/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нов Зеланд ќе ја зголеми минималната дневница на 20 долари на час, како и данокот на луѓето со најголеми приходи на 39 отсто, пишува Гардијан.

Измените стапуваат во сила од утре, заедно со незначителното зголемување на надоместоците за невработеност и боледување. Владата проценува дека зголемувањето на минималната дневница ќе опфати 175.000 работници и ќе ги зголеми платите за 216 милиони долари. Новата највисока даночна стапка ќе влијае на секој што заработува повеќе од 180.000 долари годишно, односно околу два отсто од жителите на Нов Зеланд.

Податоците на Организацијата за економски развој и соработка за 2019 година покажуваат дека минималната надница во Нов Зеланд е меѓу петте највисоки во светот.

Во 2020 година, синдикатите повикаа на зголемување на надницата на 22,10 долари на час за оние кои се на првата линија. Премиерката Џасинда Ардерн најави дека го исполнува предизборното ветување. Таа вети уште многу работи кои следуваат: градење повеќе станови, подобрување на здравствениот систем, инвестирање во образование, обука и можности за работа.

Земјата продолжува да се бори со високите стапки на детска сиромаштија и високите цени на становите. Домовите во Окланд се едни од најскапите во светот, со цени околу 11 пати поголеми од просечниот приход. Одделно, има недостиг на станбени објекти. Повеќе од 22.800 домаќинства чекаат дом. Владата постепено ја зголеми минималната дневница во последните четири години – од 2017 досега е зголемена за 4,25 долари. Минатата година Ардерн ги охрабри работодавачите да размислат за четиридневна работна недела и пофлексибилно работно време.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нов зеланд
Претходен напис Висина на субвенциите за 2021 година за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години
Следен напис Бектеши: Објавени јавни повици за субвенционирање печки на пелети, ПВЦ прозорци, сончеви колектори и фотонапонски панели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?