Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
Агровести

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени

Објавено 13/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе.

Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури над 35 степени Целзиусови. Тоа претставува значително зголемување во споредба со вчерашниот ден, кога прогнозите покажуваа дека температури над 35 степени ќе погодат најмалку 92 милиони луѓе.

Француски медиуми аннализата ја изработија врз основа на прогнозите на Германската метеоролошка служба и демографските проекции за 2025 година на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, а ги потврдува и податоците на австриската невладина организација „Климадашборд“. Европа и понатаму останува континентот со најбрзо зголемување на температурите во светот.

И денеска најголемите горештини се очекуваат во западниот и во јужниот дел на континентот:

Франција: Температури над 35 степени се прогнозираат во области со околу 50 милиони жители. Планинските предели веројатно ќе бидат помалку погодени, но горештините ќе ги зафатат и североисточните делови на земјата, кои вчера беа поштедени.

Италија: Слични температури се очекуваат за околу 29 милиони луѓе, особено долж западниот брег, во долината на реката По, во јужните делови на земјата и на островите.

Шпанија: Топлотниот бран ќе зафати големи делови од Пиринејскиот Полуостров, при што околу 25 милиони луѓе ќе бидат изложени на температури над 35 степени.
Велика Британија: Се очекува живата во термометрите да го надмине прагот од 35 степени за околу 23 милиони жители, главно во густо населените централни делови на Англија, вклучително и во Лондон. Британската национална метеоролошка служба во вторникот соопшти дека земјата е на пат да го забележи најтоплото лето во историјата.

МИА

Може да ви се допадне

Нема кој да сади, нема ни кој да бере: Дневниците растат, младите не сакаат на нива
Министерот Серафимовски во Неготино на средба со лозарите
ДИЗ на терен во Струмичкиот регион: Пиперката се откупува според договорените цени
Серафимовски: Субвенциите за крави и основни и дополнителни за жито, ќе бидат исплатени до крај на август
Активни девет пожари низ државата
Таг:30 степени340 милиони луѓеЕвропатоплотен бран
Претходен напис Министерот Серафимовски во Неготино на средба со лозарите
Следен напис Нема кој да сади, нема ни кој да бере: Дневниците растат, младите не сакаат на нива
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?