Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов повик на ФИТР, аплицирајте за грант до 320.000 евра за иновации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Нов повик на ФИТР, аплицирајте за грант до 320.000 евра за иновации
Јавни огласи и повици

Нов повик на ФИТР, аплицирајте за грант до 320.000 евра за иновации

Објавено 09/06/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави јавен повик за инструментот Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. На јавниот повик може да аплицираат претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност.

Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 месеци.

ВИСИНА НА ГРАНТ

Финансиската поддршка за поединечен проект изнесува до 320.000 евра односно 20 милиони денари. ФИТР кофинансира до 70% од вкупниот буџет за поединечен проект, и тоа:

  • 70% од буџетот за компании со помалку од 50 вработени и годишен приход до 2 милиони евра во последните две години
  • 60% од буџетот за компани со над 50 вработени и годишен приход од 2 до 10 милиони евра во последните две години

Износот на остварени годишни приходи и просечен број на вработени се утврдува согласно финансиските извештаи за 2021 и 2020 година.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на РС Македонија;
  • нема ограничување во поглед на староста на претпријатието;
  • годишните приходи на компанијата да не надминуваат 10 милиони евра, а просечниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две години;
  • компании кои се основани пред повеќе од 3 години да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за 2021 година;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација против претпријатието кое аплицира, да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновациите е до 10.07.2023 година, до 14.00 часот.

ПРИФАТЛИВИ АКТИВНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

  • истражување и развој;
  • тестирање;
  • активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост;
  • дизајн;
  • развој на пилот линии;
  • активности поврзани со обезбедување квалитет;
  • активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот)

ПОДОБНИ ТРОШОЦИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

  • бруто плати за вработените лица кај апликантот и членовите на конзорциумот кои ќе бидат ангажирани на проектот
  • набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
  • поддоговорнии услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
  • ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
  • ангажирање на консултанти за останати потреби дирекно поврзани со очекуваните резултати на проектот (експертиза поврзана со иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
  • подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн;
  • трошоци за маркетинг;
  • канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административна помош) во максимален износ од 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.

Обврска за плаќање на ројалти

Секое плаќање на ројалти се врши по стапка од 5% од годишниот приход на корисникот остварен со продажба на производот / услугата кои се резултат на проектот, до остварување на поврат на 100% (сто проценти) од износот исплатен од страна на Фондот или за период од пет години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.

Во случај доколку за времетраењето на проектот, а сѐ до одобрување на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститор кој вложил износ кој изнесува најмалку 50% од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти. Како доказ за направената инвестиција ќе се смета договор, тековна состојба и доказ за направена уплата на инвестицијата.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:Јавен повикФИТР
Претходен напис Европска пчеларска награда: 8.000 евра за заштита на пчелите и другите опрашувачи
Следен напис Експертите препорачуваат: Само со научен пристап до одржливо лозарство отпорно на климатски промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?