Отворено е пријавувањето за Европската пчеларска награда 2023 (European Bee Award 2023), која почна да се доделува во 2014 година од Европската организација на сопственици на земјиште (ELO) и Европската асоцијација за земјоделска машинска индустрија (CEMA) со цел да се најдат заеднички решенија во корист на биолошката разновидност преку наградување на проекти кои ги заштитуваат опрашувачите.
Наградите се доделуваат во три категории: Практики за управување со земјиштето, Иновативни технолошки решенија и Специјално признание од жирито.
Во категоријата Практики за управување со земјиштето, 4.000 евра се доделуваат за развој на земјоделски практики кои помагаат да се создадат поволни услови за живот за пчелите и другите опрашувачи. Целта е позитивно да се влијае на нивното присуство на обработливото земјиште и со тоа да се збогати биодиверзитетот во земјоделската средина.
Фокусот на наградата Иновативни технолошки решенија е примена на нови, иновативни решенија, а и за неа се доделуваат 4.000 евра.
Посебно признание ќе биде доделено од жирито на мал или нов проект, фарма или иницијатива што ги промовира целите за заштита од опрашувачи.
Овие награди се наменети за земјоделци, сопственици на земјиште, истражувачки институти, академски кругови и приватни и јавни организации кои развиваат проекти за заштита на пчелите или други опрашувачи и помагаат да се зачува биолошката разновидност.
Крајниот рок за аплицирање е 8 септември 2023 година.
Повеќе информации на овој ЛИНК, каде што можете да го преземете и формуларот за аплицирање.

Dali moze da dobiem link
https://www.europeanlandowners.org/awards/bee-award