Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов јавен повик на ФИТР „Стартапувај 2“ – зголемен буџет од 1,5 милиони евра за стартап компании
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Нов јавен повик на ФИТР „Стартапувај 2“ – зголемен буџет од 1,5 милиони евра за стартап компании
Фондови

Нов јавен повик на ФИТР „Стартапувај 2“ – зголемен буџет од 1,5 милиони евра за стартап компании

Објавено 26/12/2019
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој објави нов јавен повик за стартап компании. Вкупниот буџет на овој јавен повик е зголемен и сега изнесува 1,5 милиони евра. Максималната сума што може да биде доделена од страна на ФИТР е во висина од 30.000 евра, што претставува 85% од вкупната вредност на проектот. Останатите 15 проценти треба да ги обезбеди апликантот.

Презентацијата на инструментот на ФИТР кој е наменет за финансиска поддршка на фирми не постари од 6 години, како и критериумите и условите за аплицирање, се одржа во амфитеатарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Фокусот на оваа мерка поддржана од Светска Банка се младите, а целта на инструментот е поттикнување на истражувачките и развојните процеси на нови бизниси.

Јован Деспотовски, директор на Фондот, кој се обрати пред присутните студенти и претставници на бизнис заедницата, нагласи дека приоритет на активностите на ФИТР се токму младите луѓе за кого државата нуди конкретна поддршка и мерки за развивање сопствен бизнис дома.

„Целта на Фондот е да поттикнеме што повеќе млади луѓе да се охрабрат да основаат свој бизнис во сопствената држава и да аплицираат. Минатата година успеавме во тоа, а потврда за тоа се бројките: 85 стартап компании поддржани под овој инструмент, што претставува 30% од портфолиото на Фондот. Вкупен износ на вложени средства во овие компании се 2,4 милиони евра, а ако го земеме в предвид минатото искуство, овој износ ќе се зголемува во иднина. Сакам да потенцирам дека иновациите се применливи насекаде и сакам да ги охрабрам студентите и младите лица во државата да аплицираат за овој инструмент бидејќи компаниите што добиваат поддршка од ФИТР се одличен показател дека добра идеја може да се реализира во добар бизнис, а државата нуди конкретни механизми и спроведува конкретни активности да ги задржи тука,“ истакна Деспотовски.

Условите, критериумите и целта на инструментот за кофинансирани грантови за стартап и спиноф компании ги презентираше Пиштар Љутфиу, член на управниот одбор на Фондот и поранешен министер за образование и наука. Тој истакна дека механизмите на ФИТР за финансиска поддршка, како и мерките преземени во поглед на подобрување на формалното и неформалното образование даваат очигледни резултати.

„Фондот нуди конкретни мерки како да ги задржи младите луѓе дома и за таа цел соработува со сите општествени чинители и релевантни институции како што се Агенцијата за вработување, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, но и сите засегнатни министерства во процесот. Ова е еден од најважните сектори во државата, кој заслужува ваков вид поддршка затоа што инвестирањето во младите е иднината на оваа земја. Со овој инструмент на Фондот, се отвораат нови работни места, се стимулира истражувањето и развојот на бизнис идеите кај младите и се подобрува целокупната економија. Затоа, моја препорака е да ги искористите можностите што ви ги нуди државата и да го разбудите претприемачот во себе!,“ истакна Љутфиу.

Краен рок за аплицирање на јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани стартап и спиноф компании на Фонд за иновации и технолошки развој е 15.02.2020 год.

Може да ви се допадне

Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“
Јавен повик 01/26 за доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони Охрид, Струга, Кичево, Кочани, Битола, Струмица и Неготино
Таг:грантовијавен повикЈован ДеспотовскикомпаниистартапФИТР
Претходен напис Листа на кандидати за полагање на ловечки испит
Следен напис Бабовски: Искористени максимално средствата од ИПАРД програмата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?