Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нивото на безбедноста на земјоделците е ниско – Минатата година загинале 22 земјоделци при вршење земјоделски работи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нивото на безбедноста на земјоделците е ниско – Минатата година загинале 22 земјоделци при вршење земјоделски работи
Агровести

Нивото на безбедноста на земјоделците е ниско – Минатата година загинале 22 земјоделци при вршење земјоделски работи

Објавено 25/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Едукација, совесност и спроведување на законот заштита на работното место се главните чекори за да се спречи ниското ниво на безбедност на земјоделците при работа во полето и во земјоделските стопанства. Ова беше речено на дводневниот семинар кој започна денеска во Прилеп на тема „Заштита на здравјето и безбедноста при работа на работниците во земјоделскиот сектор од Пелагонискиот регион“ во организација на здружението „Достоинствен работник“ од Прилеп.

Според податоците, лани 22-јца земјоделци загинале при вршење земјоделски работи, а во 2020 година 21 земјоделец се повредиле во Прилепско. Четири насто од БДП во сиромашните земји одат на покривање на трошоците за повреди на работниците, а во Македонија во 2020 година од фондовите се одлеале 426 милиона евра за покривање на трошоци при повреди на работно место.

– Можеби ова се доволно податоци за да се преземе нешто за да се променат состојбите и земјава да не биде во оваа ситуација, зашто безбедноста на работното место е на ниско ниво. И на земјоделците при вршењето на земјоделските работи, вели Славица Јанкова од македонското здружение за заштита при работа.

Рубинчо Аризанкоски, програмски координатор од здружението „Достоинствен работник“ од Прилеп вели дека крајно време е да се подигне свесноста, но и едукацијата на земјоделците при ракувањето со механизацијата и со земјоделските препарати.

– Целта на семинарот е да се дадат информации, размена на искуства и да се запознаат учесниците со мерките за заштита при работа во земјоделскиот сектор преку пристап кој се базира на меѓународните конвенции преку институционализирана рамка за соработка во согласност со домашните законски регулативи и нормативи од областа на земјоделството. Многу е битно и сојузите на земјоделците повеќе да водат сметка за безбедноста на производителите преку едукации. На пример, кога е во прашање тутунопроизводството, при откупот на производителите им се задржуваат два отсто и треба да се употребат во едукации, еве сега во ек е садењето на тутунот, за управување со механизацијата и заштита при употребата на препаратите, изјави Аризанкоски.

Професорот по земјоделство при прилепското средно училиште „Орде Чопела, Игор Галоски е со конкретни предлози.

– Во зимскиот период, кога земјоделците немаат работа, продавачите на механизацијата наместо само да мислат на провизиите од продажбата да одржат едукации. Тоа да го прават и земјоделските аптеки за користење на препаратите, а едукациите се неопходни и во земјоделските училишта. Не се согласувам при полагање за возачка Б категорија да пишува дека сме оспособени и за управување со трактор. Тоа е незамисливо, вели Галоски.

Државните институции да излезат на терен за да се спроведува Законот за заштита при работа.

– Првенствената работа е едукација на земјоделците кои директно се изложени на опасностите на нивниот работни места при извршувањето земјоделски работи. Потоа, битно е, да се анализира зошто се случиле повредите, кои се причините што довеле земјоделецот да загине на работното место и да му се предочи на земјоделецот дека е многу подобро да се спречи, отколку да се лекува, изјави Милан Петковски од македонското здружение за заштита при работа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделски работиземјоделцисмрт
Претходен напис Бабовски избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа
Следен напис Времето денеска претпладне сончево, од пладне нестабилно со локален пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?