Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украинските сточари бараат ограничување на увозот на свинско месо од ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Украинските сточари бараат ограничување на увозот на свинско месо од ЕУ
Сточарско производство

Украинските сточари бараат ограничување на увозот на свинско месо од ЕУ

Објавено 15/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Во 2020 година увозот на свинско месо во Украина достигна 17 %, а farmer.pl како главна причина го наведува фактот дека кинескиот пазар е затворен за европските добавувачи поради африканската свинска чума, па тие се спремни да го продадат свинското месо по многу ниски цени на странскиот пазар.
„Многу украински производители не можат да си дозволат таква конкуренција“, предупредува Сергеј Касјанов.
Тамошното Министерство за економски развој и трговија соопшти дека производството на тој вид месо во 2021 година ќе се зголеми за 3,1% во однос на минатата година и ќе изнесува 740 илјади тони. Според неговите очекувања, побарувачката ќе ја надмине понудата на 10,9 % т.е за 90 илјади тони. Исто така, очекуваат дека увозот во тој период ќе се намали за 2,9 %, а извозот за дури 20%.


„Во второто тромесечје од оваа година би требало да очекуваме раст и на откупните цени на живите свињи“, вели Касјанов, додавајќи дека според неговите проценки цените на живата стока ќе пораснат од досегашните 1,10 до 1,16 евра на 1,31 до 1,42 евра.

Решение – намалување на увозните квоти?

Според неговите зборови, ситуацијата на украинскиот пазар е многу тешка, бидејќи поради растот на цената на житарките пораснала и цената за крмни смеси и тоа во просек за дури 30 отсто. Тоа би можело да значи дека малите одгледувачи можеби ќе бидат принудени да го напуштат пазарот, а нивното производство ќе стане непрофитабилно. Истовремено, главно ќе преживеат големите компании кои склучиле долгорочни договори со откупувачите и потрошувачите.
„Благодарение на нашата стратегија, имаме сопствена пченица и пченка“, вели Касјанов додавајќи дека поради тоа имаат пониски трошоци за производство во споредба со оние кои мораат да купуваат храна. „Од таа причина и профитабилноста на нашата компанија е стабилна“, вели заклучувајќи дека се потребни мерки за намалување на квотите за увоз од земјите од ЕУ.


Имено, во јануари оваа година украинското здружение на одгледувачи на свињи побарало од трговскиот претставник на Украина, заменик-министерот за стопанство, Тараса Кацке, да ја земе предвид таа ставка во преговорите со ЕУ за измена на спогодбата за слободна трговија.

Извор: Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Маѓар: Забраната за увоз на земјоделски производи од Украина останува
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Раст и на извозот и на увозот во првите два месеца од годинава
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Таг:свинско месоувозУкраина
Претходен напис АкуВедр: Метеоролозите најавуваат бури на Балканот, пролетта ќе доцни во Европа
Следен напис Средба на тутунарите и откупувачите со министерот Хоџа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?