Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АкуВедр: Метеоролозите најавуваат бури на Балканот, пролетта ќе доцни во Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > АкуВедр: Метеоролозите најавуваат бури на Балканот, пролетта ќе доцни во Европа
Агропрогноза

АкуВедр: Метеоролозите најавуваат бури на Балканот, пролетта ќе доцни во Европа

Објавено 15/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пролетта официјално почнува за помалку од шест недели, а светски познатата метеоролошка служба АкуВедр (AccuWeather) објави голема сезонска прогноза во која предвидува дека пролетта 2021 година може да изгледа како онаа од 2018 година.

Метеоролозите на АкуВедр како и обично во нивната прогноза, детално опишуваат како времето може да влијае на скоро секој аспект од животот, вклучително и земјоделството и водните ресурси.

Невремето што ја зафати западна Европа, а потоа и јужниот дел на континентот во текот на зимските месеци, може да остане активно во рана пролет, велат метеоролозите. Се очекува бурите да бидат активни од Франција, преку Италија, кон Балканот, особено во текот на март.

Метеоролозите забележуваат дека ова ќе биде невообичаен модел за пролетта бидејќи бурите обично се движат на север во овој период од годината.

„Бурите ќе се смират до крајот на пролетта, но до мај ќе предизвикаат штети во јужна Европа“, вели метеорологот на АкуВедр, Тајлер Ројс, додавајќи дека во регионот се очекуваат обилни врнежи од дожд.

Како што бурите се приближуваат до Средоземното Море, тие ќе бидат придружени со поројни дождови и грмотевици низ Италија и долж западниот брег на Балканскиот полуостров. Ова може да го зголеми ризикот од поплави до почетокот на пролетта.

По една од најснежните зимски сезони во последните пет години во северозападна и централна Европа, многу Европејци можеби со нетрпение ја очекуваат пролетта и враќањето на топлото и сончево време, пишува АкуВедр.

Сепак, според метеорологот Тајлер Ројс, пролетта ќе доцни, но населението нема да биде лишено од пријатни пролетни денови.

Драматична временска промена може да предизвика алергии, особено за оние кои се алергични на полен, кон крајот на април до мај, како резултат на обилната влажност, според метеорологот Алан Реперт. Тој додава дека бури се очекуваат кон крајот на април и мај.

Во Источна Европа, сепак, ќе има малку потопли денови во текот на пролетта, но овој регион може да очекува и студени шокови што можат да траат неколку дена пред да се врати потоплото време. Не е исклучена можноста од снежни врнежи во целиот регион на Европа во текот на пролетта, главно во март.

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:АкуВедревропасезонска прогноза
Претходен напис Домат – црвена круша: Одгледување и нега на оваа извонредна сорта
Следен напис Украинските сточари бараат ограничување на увозот на свинско месо од ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?