Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Заедно со ЕУ започнуваме значајна реформа во секторот шумарство – Проект вреден 1,3 милиони евра средства обезбедени од ИПА фондовите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Николовски: Заедно со ЕУ започнуваме значајна реформа во секторот шумарство – Проект вреден 1,3 милиони евра средства обезбедени од ИПА фондовите
Агровест

Николовски: Заедно со ЕУ започнуваме значајна реформа во секторот шумарство – Проект вреден 1,3 милиони евра средства обезбедени од ИПА фондовите

Објавено 21/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Европската Унија започнува голема и значајна реформа во секторот шумарство. Проектот е финансиски поддржан од страна на ЕУ со грант од 1,3 милиони евра, средства обезбедени од ИПА фондовите.

Важноста на шумите е еден од приоритетите на МЗШВ и Владата. Континуирано го унапредиме нивното одгледување и заштита, како и чувањето на шумите и шумското земјиште како природно богатство.

Изминатите осум месеци претставници на министертвото и Европската Унија, заедно со сите засегнати страни, јавни институции, претставници на научната јавност, екологисти и невладини организации во областа на шумарството интензивно работеа на проектот „Поддршка на реформите во политиката и законската рамка во шумарството во Северна Македонија“. Работната група работеше на трите очекувани резултати од проектот, односно ревидирање на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Северна Македонија (2006-2026), потоа кон изработка на нов Закон за шуми усогласен со нормативите на ЕУ и подготовка на нова Национална програма за шумарство за имплементација на законот за шуми и Стратегијата за одржлив развој.

Министерот Николовски во своето обраќање на завршната Конференција каде беа презентирани резултатите од досегашната работа на работната група посочи дека сега е вистинскиот момент за реализација на предложените клучни реформи во шумарството, истакнувајќи дека реализацијата на овој проект ја обезбедува оваа значајна реформа во секторот шумарство.

„Со успешно завршување на овој проект ќе се постават здрави основи за ефикасно спроведување на главниот, голем ИПА проект, кој според сите планови на Делегацијата на ЕУ, треба да отпочне во последниот квартал на оваа или почетокот на наредната година. Финансиската поддршка во форма на грант со вредност од 1,3 милиони евра ќе обезбеди зајакнување на управувањето со шумарскиот сектор на темелите поставени со овој тековен проект“ истакна министерот Николовски.

Поддршката која како министерство ја добиваме од ЕУ носи развој во секој еден сектор.

„Преку ИПАРД програмата го развиваме македонското земјоделие, помагајќи во набавка на нова опрема и механизација за земјоделците. Со средства од ИПА фондовите градиме нови системи за наводнување на земјоделските површини, за да имаме поглем домашен принос и поквалитетна храна. Водиме грижа и за шумите, повторно со поддршка на Европската Унија, преку конкретни политики за зачувување и унапредување на шумите и шумскиот фонд во државата“ истакна министерот Николовски во своето обраќње.

Започнувањето на преговорите со ЕУ значи нова, уште поголема поддршка, која ќе придонесе во развој на сите сектори вклучително и секторот шумарство.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:ипа
Претходен напис НФФ: Жетватата на пченицата во полн ек, откупната цена многу ниска
Следен напис Времето денеска сончево и многу топло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?