Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НФФ: Жетватата на пченицата во полн ек, откупната цена многу ниска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НФФ: Жетватата на пченицата во полн ек, откупната цена многу ниска
Агровести

НФФ: Жетватата на пченицата во полн ек, откупната цена многу ниска

Последна измена: 21/07/2022 12:23
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Жетватата на пченицата е во полн ек, но и оваа година полјоделците се соочуваат со истите маки. Откупната цена е многу ниска, 18 денари по килограм. Според трошоците за производство, таа треба да изнесува минимум 23 денари по килограм, е ставот за тековната жетва на пченицата на Националната федерација на фармери.

Според статистичките показатели производството на пченица опаѓа од година во година, се наведува во денешното соопштение од НФФ и се додава дека за период од последните 19 години производството е опаднато за просечни 20 проценти, а од најголемиот подем во 2004 година со 356.825 тони до 200.112 тони во 2019 година, разликата е 44 проценти.

– Најголема причина за ваквата ситуација е што производната цена со години се зголемува, оваа година со поскапувањета е драстично зголемена и според пресметката направена на Националната федерација на фармери во март 2022 година таа изнесуваше 20-23 денари по килограм, но сега со поскапувањата на горивата таа е уште зголемена.

Продажната цена во моментот на пазарот изнесува 18/19 денари по килограм, а Националната федерација на фармери со години бара да се воведе интрвентен откуп на пченица кое согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кога продажбата е поголема од откупната цена на пченицата, потенцира Мемет Синани, полјоделец од полошкиот регион и член на управниот одбор на НФФ.

Земјоделците од велешкиот, пелагонискиот и полошкиот регион, како што стои во соопштението, сметаат дека таа е со солиден квалитет, но приносите се намалени. Националната федерација на фармери преку својот потсекторски систем ги анализира состојбите со пченицата и предизвиците со кои се соочуваат полјоделците.

Најголем проблем со кој се се соочувуваат полјоделците, посочуваат, се климатските промени, односно брзите промени на температурата. На ваков начин, како што велат земјоделците, се прави стрес на пченицата и се губи во квалитет на производот, a се појавуваат и болести. Голем проблем за нив е продажната цена односно со години на назад производната цена е повисока од продажната.

– Она што посебно претставува проблем за полјоделците оваа година се зголемените цени за нафта, бензин и ѓубрива за прихранување. Според пресметката на НФФ производната цена за пченица оваа година во зависност од регионот изнесува од 20 – 23 мкд по килограм, вели Стеванче Јорданоски, поледелец од пелагонискиот регион и член на УО на НФФ.

Во соопштението се појаснува дека пченицата е единствениот производ во Северна Македонија кој има стратешко значење кое е дефинирано во Законот за земјоделство и рурален развој, а пченицата е најважната култура која има најголем удел во вкупната површина под жита од околу 63 проценти во 2021 година.

Според податоците добиени од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство просечното годишно производство на пченица во периодот 2014-2020 изнесува околу 235.000 тони што е намалување од околу 16 проценти во однос на периодот пред 2014 година кога просечното годишно производство изнесуваше околу 281.000 тони. Северна Македонија за да ги задоволи своите потреби увезува пченица. Најголемиот увоз на пченица имаме од Србија која е најголемиот регионален производител (Војводинската житница).

МИА

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:pcenica
Претходен напис Светски експерти проценуваат раст на цената на струјата
Следен напис Николовски: Заедно со ЕУ започнуваме значајна реформа во секторот шумарство – Проект вреден 1,3 милиони евра средства обезбедени од ИПА фондовите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?