Министерот Љупчо Николовски по повод 17 ноември, Светскиот ден на студентите, информираше дека МЗШВ ќе додели 30 стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството.
„Доделуваме 30 стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството.
Ги вклучуваме студентите во изработка на програми и закони, преку волонтирање во рамките на МЗШВ и Управите во состав.
Потпишавме Меморандум со Факултетите, со што овозможуваме организирање и реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите.
Заедно со Факултетот за ветеринарна медицина набавивме софистицирана аналитичка лабораториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна.
Вие младите сте сегашноста, инвестираме и вложуваме во вашата иднина. Нека е честит Меѓународниот ден на студентите!„
