Вредноста на проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“ е 240 илјади, но вистинската вредност е многу поголема и придобивките се значајни не само за Министерството, инспекторатот, институциите и државата, туку за сите. Резултатот од проектот е усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ во конкретниот член – рибарство и придонесуваме кон пристапувањето кон ЕУ. рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Во рамки на проектот, кој се спроведувал девет месеци од мај 2022 година, реализирани се голем број посети, средби и расправи, а конкретните продукти, како што беше посочено, се Закон за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, седум правилници кои призлегуваат од законите и се усогласени со ЕУ и подзаконските акти за заедничко уредување на пазарите.
На завршниот настан, Николовски истакна дека овој проект е модел како да се спроведуваат проектите за кои што, како што рече, „интензивно работиме како Министерство и користиме европски средства“.
– Вредноста на проектот е 240 илјади евра, но вистинската вредност е многу поголема. Она што сакам да го нагласам е дека придобивките не се значајни само за МЗШВ, инспекторатот, институциите и државата, туку за сите. Затоа што со резултатот од проектот одиме кон усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ во конкретниот член – рибарство и придонесуваме кон пристапувањето кон ЕУ – рече тој.
