Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со инвестиција вредна 40 милиони евра финансирана од МЗШВ, браната Конско е најголемиот капитален водостопански објект во последните 50 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Николовски: Со инвестиција вредна 40 милиони евра финансирана од МЗШВ, браната Конско е најголемиот капитален водостопански објект во последните 50 години
Шумарство и водостопанство

Николовски: Со инвестиција вредна 40 милиони евра финансирана од МЗШВ, браната Конско е најголемиот капитален водостопански објект во последните 50 години

Објавено 04/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при денешниот увид на работите на браната, истакна дека инвестицијата на браната „Конско“ од 40 милиони евра е од институцијата со која тој раководи и од Програмата за рурален развој.

-Со средствата кои се вложени токму овде, во општина Гевгелија за изградба на браната „Конско“, што подразбира и ново вештачко езеро/акумулација и нов систем за наводнување со кој се опфатени околу 4.000 хектари нето земјоделски површини, наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати. Навременето и редовно наводнување на земјоделски површини коешто ќе се овозможи со оваа брана е клучен предуслов за квалитетно производство. Изминатите години ова беше голем проблем за земјоделците и им ги зголемуваше производствените трошоци. Со браната ја обезбедуваме потребната вода за наводнување во текот на целата година. Тоа значи помали трошоци и поконкурентно земјоделско производство, рече Николовски.

May be an image of 6 people and outdoors

Тој појасни дека браната „Конско“ е дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“, којшто опфаќа три потсистеми за наводнување – во Гевгелија, Богданци и Дојран. Со завршувањето на овој капацитет, овие три системи за наводнување заедно ќе обезбедуваат вода за вкупно 6.500 хектари нето земјоделска површина во јужниот дел на државата.

-Неодамна започнавме нов систем за наводнување во селото Конопница, започната е и изградбата на нови системи за наводнување во Пишица и Теарце. Во финална фаза е системот Славишко Поле, а веќе е завршен хидросистемот Чаушица – рече министерот Николовски.

May be an image of outdoors

Тој информираше дека дополнително од ИПА фондовите се одобрени уште два капитални проекти, изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци, но и дека непречено се одвиваат работите на реализација на капиталниот проект Равен Речица. Минатата година, рече, е завршена втората фаза од хидросистемот Јужна вардарска долина 2, а сега интензивно се работи и на Програмата за наводнување на Северна Македонија, финансирана од KfW и буџетот на РМ со вкупна вредност од 120 милиони евра, со кои е опфатена изградба, рехабилитација и проширување на четири системи за наводнување по долината на реката Вардар (Страиште, Лисиче, Коњско и Пепелиште).

May be an image of 5 people, people standing and outdoors


Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:Конско
Претходен напис При крај е изградбата на браната „Конско“, ќе овозможи наводнување на нови 4.000 хектари земјиште
Следен напис Како се одгледуваат муволовките – оптимални услови и посебен тип супстрат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?