Чувствителна е на прекумерно наводнување, но и на суша и не поднесува премногу сув или премногу влажен воздух. Како да ја негувате и размножувате муволовката?
Растението муволовка, венерина муволовка или месојадка се предаторски растенија кои ги фаќаат своите жртви со помош на лепливи капки на листовите. Dionaea muscipula потекнува од мочуриштата каде што немало висока вегетација што им дозволувало да бидат изложени на директна сончева светлина.

И покрај тоа што плени со својот изглед, таа е вистински ловец на муви и други инсекти.
Листот и е претворен во клешта за фаќање, а на работ има влакна со леплива роса што ги привлекува инсектите со својот мирис. Кога ќе слетаат на листот, тој се затвора и ја вари жртвата со помош на ензими од росата. Останува затворена додека не ги свари хранливите материи и остане само оклопот од телото на инсектот. Дури после тоа се отвора и ја чека следната жртва.
Услови за одгледување
Муволовките бараат грижа, оптимални услови и посебен тип на супстрат. Ова се мочуришни растенија и им одговара лесен супстрат кој е слабо кисел.
Оптимално земјиште е мешавина од три дела тресет, два дела кварцен песок и еден дел перлит.

Ставете го садот на сончево, светло и место со провев, но не смее да биде изложено на директна сончева светлина бидејќи листовите ќе изгорат. Не ја поднесува сенката.
Оптималната температура за нејзиниот раст е под 18ºC. Во зима, температурата треба да биде помеѓу 7 и 10ºC.
Чувствителна е на прекумерно наводнување, но и на суша и не поднесува премногу сув или премногу влажен воздух. Затоа, често се одгледува во стаклени тегли чии ѕидови формираат постојана микроклима во внатрешноста со влажност над 60 проценти. Најдобро е да се полева со дождовница или дестилирана вода. Исто така, не и одоговара кога се полева на лисјата.
Трикот на кој прибегнуваат успешните одгледувачи е со ставање мов на дното на стаклениот сад и потоа на подлогата ќе го стават садот со растението. Тие ја наводнуваат мовта и додаваат вода во основата со што се обезбедува доволна влажност на воздухот и супстратот. Садот не треба да биде премногу висок. Не го ставајте стаклениот сад на место кое е директно изложено на сонце. Најдобро ќе расте кога самостојно лови инсекти. Во текот на зимата не хибернира, но нејзиниот раст се забавува.
Пресадување и размножување
Терминот за пресадување е еднаш во текот на една или две години во пролетниот период. Тие не треба да се пресадуваат по купувањето, бидејќи најважно е да се навикнат на новата средина. Вообичаено е да ги отфрли лисјата по пресадувањето, но брзо се опоравува.
Се размножува со делење, лисни резници и семе. Најчест и сигурен начин е да се подели растението и тоа се применува на видови кои формираат нови растенија од старата грмушка.