Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставме на располагање за проекти преку мерката 3
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставме на располагање за проекти преку мерката 3
Јавни огласи и повициФондови

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставме на располагање за проекти преку мерката 3

Објавено 22/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денес го презентираа новиот јавен повик за мерката 3 од ИПАРД-2 програмата. Јавниот повик се однесува за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Финансиската поддршка за овој јавен повик изнесува вкупно 5.028.568 евра, односно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија. Заедно со инвестициските средства од страна на корисниците вкупниот инвестицкиски фонд за оваа мерка изнесува 10 милиони евра.

Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Рокот за аплицирање по оваа мерка од ИПАРД програмата е до шести септември 2022 година.

„Република Северна Македонија стана земја лидер во целиот регион по искористеност на ИПАРД средствата, со висок процент од 97% искористеност на овие неповратни средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Успешноста во реализацијата на овие проекти и успешните земјоделски политики кои ги води министерството и Владата ги потврди и Европската Комисија. Добиваме 97 милиони евра неповратни средства од Европската Унија преку ИПАРД 3 програмата. Тоа претставува зголемување за 62% споредено со ИПАРД 2 кога земјава доби на располагање 60 милиони евра“ изјави министерот Николовски.

Набавка на модерна земјоделска механизација, опрема за производство и преработка со највисоки технологии, изградба или проширување на производствените капацитети, како и поддршка за туризмот и руралниот развој се само дел од проектите кои се поддржуваат во рамки на ИПАРД програмата.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, истакна дека овие средства се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, маснотии од животни како и производство на вино.
„Сите заинтересирани апликанти ќе можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и проекти кои предвидуваат поставување, односно инсталирање на фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби. Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријатија. Финансиските средства по поединечен корисник се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, односно грант во висина до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестицијата“ изјави директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.
Поддршката која како земја ја добиваме од Европската Унија е значајна во развојот и модернизација на македонското земјоделство, а успешната реализација на европските земјоделски програми, уште еднаш ја потврдува посветеноста и решителноста на МЗШВ и Владата во процесот на интеграција и полноправното членство во Унијата.

Заинтересираните апликанти барање за аплицирање може да подигнат од просториите на Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој или по електронски пат преку веб странта www.ipardpa.gov.mk.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:ИПАРД 2
Претходен напис Актуелен шумски пожар во Беровскиот регион на површина од 50 хектари
Следен напис Исплатени 19.3 милиони денари финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?