Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед. Исплатени се 1013 корисници во висина од 19.3 милиони денари.
„Досега за оваа подмерка од интервентиот фонд, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој целосно ги разгледа и одобри барањата на 6488 корисници кои имаат добиено финансиска поддршка во износ од над 105 милиони денари вкупна сума“, посочи директорот Никица Бачовски.
Корисници на оваа подмерка сe земјоделски стопанства кои во производната 21/22 година имаат засеани површини со пченица, јачмен и пченка како и имаат набавено вештачки ѓубриња за прихрана на посевите во период од 1ви декември 21 до 31 мај 22 година .
Висината на финансиската поддршка изнесува:
4000 денари / хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар за пченка и пченица
2500 денари / хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар за јачмен
2500 денари / хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку 100 килограми по хектар за сончоглед или
400 денари / хектар за трошок за набавка на течни фолијарни ѓубриња и тоа во количина најмалку од 6 литри по хектар за пченица, јачмен, пченка и сончоглед.
Исплатени 19.3 милиони денари финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива
Остави коментар
Остави коментар
