Министерот Николовски денеска се сретна со регистрираните одгледувачи на риба со кои разговарале за можните начини за зголемување на производството на риба.

„Заедно со регистрираните одгледувачи на риба разговаравме за можните начини за зголемување на производството на риба, како да ги помогнеме за да можеме уште повеќе да ја зголемиме реализацијата на мерките од програмата за финасиска поддршка на рибарството и аквакултурата.
Ги презентиравме новостите во годишната програма за 2023, каде правиме разграничување на националната програма и ИПАРД поддршката, и отвораме можност за авансна исплата на финасиската поддршка. Презентирани беа и двете нови законски решенија од областа на рибарството и аквакултурата, кои се подготвуваат, а преку кои уште подобро го регулираме овој сектор и го доближуваме до ЕУ законодавството.“, рече Николовски.
