Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Белград ќе се обрати на отворањето на меѓународниот саем АГРО Белград 2023.
Во рамки на посетата, министерот Николовски ќе оствари средба и со српската министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство Јелена Танасковиќ.
На годинашното издание на АГРО Белград 2023 учествуваат повеќе домашни компании, преработувачи на овошје и зеленчук и производители на вино.
„Ми претставува особена чест што заедно со моите колеги од регионот, ќе го отвориме Саемот, на кој ќе се претстават повеќе од 500 излагачи од светот, меѓу кои и наши македонски производители.
Воедно ќе остварам и средба со министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Јелена Танасковиќ, на која ќе ја потврдиме и досега успешната соработка во доменот на земјоделството помеѓу нашите две пријателски земји.“, рече Николовски.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека преку програмата за поддршка на руралниот развој се дава финасиска поддршка за учество на 50 домашни и 15 меѓународни манифестации на кои ќе се промовираат македонските земјоделски производи и пијалоци.

