Николовски и Бачовски во мисија да покажат каде завршуваат парите од ИПАРД!
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Недовербата во институциите, шпекулациите од страна на политичките опоненти, скептицизмот на земјоделците и муабетите пред продавници, најдобро се демантираат со факти.
А фактите зборуваат дека сме лидери во регионот по искористеност на ИПАРД 2 и први како држава ќе започнеме со имплементација на ИПАРД 3 програмата.
Со вакво „лице“ министерот за земјоделство Љупчо Николовски и првиот човек на Платежната агенција Никица Бачовски цела година се на терен, во посета на земјоделците и компаниите кои имаат искористено средства од ИПАРД 2 програмата.
Нови машини, нови технологии, фарми, мини хотели, рибници, винарии…македонскиот агрокомплекс се повеќе добива европски лик.
Таблите со логото на ИПАРД и европското знаме гордо ја докажуваа заложбата на државата во поддршка на земјоделското производство и руралниот развој.
Искористеноста на ИПАРД 2 е одличен старт за новата ИПАРД 3 програма која е најавена за почеток на септември.
Земја лидер сме во реализација на ИПАРД програмата. Со новата ИПАРД 3 програма 210 милиони евра имаме на располагање за модернизација на македонското земјоделство. Во тек е последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата, и први во регионот започнуваме со ИПАРД 3. Гордост е што една мала земја како нашата успеа да се избори за лидерското место во конкуренција со дупло поголеми држави, и држави кои се членки на ЕУ. Со ИПАРД 3 ќе се акредитираат 4 нови мерки, зголемен е прагот на минимални инвестиции, воведен е нов начин во обезбедувањето на потребната документација, со ИПАРД 3 овозможуваме авансна исплата до 50% од договорот. Првите повици за Мерка 1 и Мерка 7 во висина од 30 милиони евра ќе ги објавиме на почеток на септември. Ги охрабрувам и повикувам сите заинтересирани, да ја искористат оваа можност, за заедно да се радуваме на нови успеси и инвестиции, порача Николовски.
Искуството со ИПАРД 2 покажа дека имаме подготвени апликанти, но и администрација. – Слободно може да се заклучи дека Агенцијата покажа капацитет за спроведување на ИПАРД Програмата, со сите огласи од сите мерки контрактиран е целиот буџет од 60 милиони евра европски средства, а склучени се вкупно 2340 договори. Голем дел од инвестициите се реализирани, а дел сè уште се во фаза на реализација, вкупно досега се поднесени 2095 барања за исплата, а исплатени се 1964 барања со вредност од 42,136,812.03 евра, односно 33,726,195.94 евра (ЕУ ДЕЛ).
Мисијата на Николовски и Бачовски продолжува и во следниот период. Реализираните инвестиции се најдобрата кампања за новата ИПАРД 3 програма и охрабрување за сите што размислуваат да инвестираат.
„Зошто со сопствени средства, кога може државата да ви помогне со 50-60% од вашата инвестиција“ – може слободно да биде слоган на кампањата со која нови 100 милиони евра ќе се инвестираат во македонскиот агрокомплекс.