Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: До 31 декември ќе биде сè исплатено, во 2023-та ќе влеземе без никакви долгови кон сточарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: До 31 декември ќе биде сè исплатено, во 2023-та ќе влеземе без никакви долгови кон сточарите
Агровести

Николовски: До 31 декември ќе биде сè исплатено, во 2023-та ќе влеземе без никакви долгови кон сточарите

Последна измена: 26/09/2022 14:09
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Сите основни субвенции во сточарството се исплатени, оние што се по грло, а за предадено млеко се исплаќаат согласно утврдената динамика и доцнат само две фази, но тоа не се две години, туку неколкумесечен период. Уште тие остануваат за исплата. До 31 декември се ќе биде исплатено за во новата 2023 година, прв пат по 15 години, да влеземе без денар долг кон сточарите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како што информира Николовски, со интервентната мерка што утре ќе поминe на Влада, за сточарите ќе се обезбедат уште два милиона евра поддршка, а паралелно се носи и новиот закон за пасишта.

Николовски уште еднаш потсети дека во 2017 година, кога станал министер, девет фази од поддршката за млекото не биле исплатени.

-Сега, со ребалансот на Буџетот, обезбедивме вкупно 2,7 милијарди денари за директни плаќања, за сите фази во земјоделството за кои државата должи, а целта е сите заостанати субвенции, особено кај сточарите, да бидат комплетно исплатени до 31 декември 2022. До 31 декември ќе ги исплатиме сите средства, и кон сточарите и кон сите останати производители и во 2023-година ќе влеземе без никакви долгови кои успеавме да ги изменаџираме, а ги наследивме од претходната власт. Точно е дека од основањето на Платежната агенција до денес најмногу се доцни со исплата на субвенции за сточарите. Ние сме постојано на нивна страна и на страната на производителите на млеко, но не сме институција која може да кажува колку ќе биде цената на млекото, ниту како држава сме единствените што сме погодени од кризата. Слушам паушални информации дека е намалено производството, а само четири проценти е намалено годинава во однос на лани, подвлече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по по примопредаваето на униформите и опремата за шумската полиција од Италија.

Николовски е сигурен, како што рече, дека мерките креирани со Интервентиот фонд и сите останати што беа преземени пред кризата, денес ги даваат резултатите во секој сектор.

-Рекорди рушиме со мерката за набавка на приплоден добиток. Во јуни се склучени договори за 3 700 грла со 400 различни апликанти кои сега го набавуваат добитокот. Постојано креираме нови мерки кои значат раст и развој, а тука е и новиот модел на субвенции, потенцира Николовски.

На прашањето дали ќе имаме доволно храна, тој уште еднаш кажа дека се вложуваат максимални напори и се прави се што може за зголемено домашно производство. Се менува и моделот на поддршката, па покрај основните, се воведуваат и дополнителни субвенции са стратешките култури кои, според бројките, покажуваат раст.

-Јас не носам одговорност за кризата, туку за навремено предвидување мерки и политики кои се носат и креираат во соработка со науката и со земјоделците, нагласи Николовски.

Тој се наврати на некои од мерките, рече дека сме единствена земја во регинот која дава субвенции за „зелена нафта“ и подвлече дека субвенционирањето на сончогледот ќе продолжи и идната година зашто дава резултати – и производството и површините под сончоглед се удвоени.

Може да ви се допадне

Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво
Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин
Таг:интервентен фондсунвенции
Претходен напис Пристигнаа униформите и опремата за Шумската полиција, донација од италијанските Карабинери во вредност од 4,2 милиони евра
Следен напис Стопанска комора: Сите други земји ги достигнаа бројките од 2019 година во туризмот, а ние сме сè уште далеку од нивото пред кризата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?