Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пристигнаа униформите и опремата за Шумската полиција, донација од италијанските Карабинери во вредност од 4,2 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Пристигнаа униформите и опремата за Шумската полиција, донација од италијанските Карабинери во вредност од 4,2 милиони евра
Шумарство и водостопанство

Пристигнаа униформите и опремата за Шумската полиција, донација од италијанските Карабинери во вредност од 4,2 милиони евра

Објавено 26/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, во кругот на касарната Ѓорче Петров во Скопје, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во присуство на италијанскиот амбасадор, Н.Е Андреа Силвестри и Војниот Аташе за одбрана на Италија, г-дин Стефано Анџиони,  ја прими огромната донација на униформи и опрема од Италијански Карбинери, наменета за Шумската Полиција.

Постапката за оваа огромна донација започна во декември 2017 година. Во текот на овој месец веќе пристигнуваа првите камиони со донацијата и се складираа во магацините на Министерството за одбрана, пред да бидат распоредени во шумско-полициските станици низ целата територија на државава.

„4,2 милиони евра донација од италијанските Карабинери за потребите на македонската Шумска полиција. Пристигнаа првите 14, од вкупно 20 камиони со над 46.000 парчиња униформи, мантили, кошули, елеци, џемпери, маици, чизми, ранци, кабаници и друга дополнителна опрема.

Дел од опремата може да биде намената и за територијалните противпожарни бригади, полицијата, армијата, со оглед на тоа што донацијата содржи и во големи количини противпожарна опрема, огноотпорни чизми, панталони и ракавици.

Драго ми е што моето залагање за опремување на шумските полицајци кое го започнав уште во време на мојот прв мандат сега го гледам целосно реализиран. Да не заборавиме дека шумските полицајци работат тешка и одговорна задача, и често нивните животи се во опасност, со оваа донација, согласно европските, меѓународни стандарди безбедноста и здравјето на вработените ќе бидат заштитени.

Упатувам голема благодарност до Ambasciata d’Italia in Skopje, Н.Е Амбасадорот Андреа Силвестри и Војниот Атеше за одбрана на Италија, г-дин Стефано Анџиони за огромната количина донација и успешна реализација. МЗШВ и понатаму ќе се грижи за континуирано подобрување на условите за работа на Шумската полиција, и за нивно непречено извршување на задачите“, рече Николовски..

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Известување за полагање на испит за шумска полиција (втора фаза – селекција)
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
Припадниците на шумската полиција добиваат право на бенефициран стаж
Таг:карабинеришумска полиција
Претходен напис Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Следен напис Николовски: До 31 декември ќе биде сè исплатено, во 2023-та ќе влеземе без никакви долгови кон сточарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?