Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: Земјоделското производство е тежок сектор но стратегијата за негова одржливост и развој е едноставна – ПАРИ!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовска: Земјоделското производство е тежок сектор но стратегијата за негова одржливост и развој е едноставна – ПАРИ!
АгровестиДоговорно ПроизводствоРастително производство

Николовска: Земјоделското производство е тежок сектор но стратегијата за негова одржливост и развој е едноставна – ПАРИ!

Последна измена: 13/11/2024 11:09
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Земјоделското производство е тежок сектор, но стратегијата за негова одржливост и развој е едноставна – ПАРИ.

Не случајно ЕУ над 40% од буџетот одвојува за земјоделското производство. Неделно по 1 милијарда евра се исплаќаат субвенции за земјоделците од државите членки и за поголем рурален развој.

Од стратешкиот пристап најважни се две компоненти

-Се субвенционира тоа што се увезува, а може да се произведе дома, за да се намали одливот на девизи.

-Се субвенционира тоа што се извезува, за да има зголемен девизен прилив во државата.

Сточарството секоја година се намалува, тука најдобро решение е на сите што сеуште издржуваат да чуваат овци, кози, крави… државата да ги праша, ШТО ви треба (земја, трактори) и КОЛКАВИ субвенции за да продолжите да се занимавате со сточарство. Така може да се стопира намалувањето на добиточниот фонд.

Ваков пример има во Словенија, во предпристапниот период кога ЕУ става на располагање фондови и ја спрема државата за влез, 18 административци со подготвени документи само за потпис ги посетувале земјоделците и ги прашувале што ви треба. Така во една година повлекоа 500 милиони евра од ЕУ.

За растителното производство – НАВОДНУВАЊЕ и форсирање на производство на пченка (10 000 ха под систем за наводнуавање, ја решаваат годишната потреба од зрно за добиточна храна). Пченица, недостигаат уште 50-60 000 тони за домашна потреба, ако е просек по 3 тона од ха, значи со нови 2000 ха или враќање на старите позиции од пред 15 години, може да се обезбеди домашниот пазар. Ама, субвенции за квалитетно семе, ѓубриво, механизација и други мерки што ќе им помогнат на производителите.

Сончоглед, штета е ова што му се случува со забраната за извоз во Србија на најголемиот откупувач на домашен сончоглед „Кристал 1923“ кој иницираше и помогна во враќање на оваа култура на македонските ниви. Таму успеавме од 2000 тони откуп да дојдеме до 10 000 тони сончоглед, со висока цена и редовно исплатен род на производителите. Државата мора да наоѓа начини како да го штити домашното производство.

За градинарството нема многу што да се каже, намалено производство секаде, преполовен род на домати, има нешто зголемување кај пиперките. Ама од кога зборуваме за ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО и соработка меѓу производители и откупувачи и преработувачи. Без медијаторство од страна на МЗШВ, сами уште долго нема да се договорат. Парите се кај откупувачите и тие диктираат, односно приватни субјекти, ако им се исплати ќе откупат од каде сакаат. Затоа државата со поддршка (а не притисок) на двете страни, го решава проблемот.

Долгогодишните насади, прво контрола што се произведува, а за што само се земаат субвенции. И нормално, директна поддршка за да им се исплати производството на земјоделците.

За да не ги амнестираме земјоделците од одговорност, за нив по стоти пат иста сугестија – Здружување, субвенциите користење за тоа што се наменети, за инвестиции, (а не за автомобили и домашни прослави) следење нови модерни текови и започнување на агробизниси како што имаше последните години голем број нови семејни бизниси помогнати од државата.

И за крај, иднината на македонскиот аграр – Заедничката земјоделска политика на ЕУ и милијарди евра за решавање на домашната стратегија за развој на домашното производство на храна.

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
ЕК и изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Состојба на патиштата
Таг:еуЗемјоделстволозјемодернизирањепаристочарствосубвенциитрактори
Претходен напис УХМР: Времето во понеделник
Следен напис Јелена и Рик се преселиле од Белгија на падините на Рудник, луѓето од градот ги учат како да и се вратат на природата и селата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?