Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Агровести

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија

Објавено 28/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Владата денеска го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени, како што информира Министерството за финансии, претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки до 50 отсто од нивото на царинските стапки што важат во Европската Унија.

Намалувањето на царинските стапки опфаќа 70 суровини, репроматеријали и компоненти што се користат во домашните производствени капацитети за производство на високо финални производи, за да се зголеми извозната конкурентност на македонската индустрија. 

-Со оваа законска измена се реализираат определбите од Програмата за работа на Владата 2024–2028 година, во делот на постепена хармонизација на царинските стапки со стапките што се применуваат во Европската Унија, прилагодени на извозно-увозните потреби на македонската економија. Измените се подготвени во консултација со Стопанската комора на Република Северна Македонија и претставуваат продолжување на царинската политика насочена кон поддршка на домашната бизнис заедница и зајакнување на конкурентноста на преработувачката индустрија. Со Предлог-законот се предвидува целосно усогласување на дел од царинските стапки со нивото на стапките што важат во Европската Унија, со што дополнително се унапредува усогласеноста со Царинската тарифа на ЕУ, имајќи ги предвид и правилата на Светската трговска организација. Мерката директно ќе придонесе за поддршка на автомобилската, металопреработувачката индустрија и металургијата, а се очекува позитивно влијание врз зголемувањето на извозот, девизниот прилив, инвестициите и бројот на вработувања, наведува Министерството за финансии.

МИА

Може да ви се допадне

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата: Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
Доволно вода во акумулациите, стабилно водоснабдување и наводнување во кумановско-липковскиот регион
Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
Таг:1 јулиеуиндустријацаринските стапки
Претходен напис Авионско прскање против комарци во Скопје на 1 и 2 јуни
Следен напис Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?