Универзитетот „Св. Климент Охридски“ преку Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) почна со реализација на проектот „Лабораторијата за интелигенција за климатска отпорност“ (CRIL) кој го креира со претставници од Универзитетот во Кастиља-Ла Манча (UCLM), Шпанија и Универзитетот во Ферара (UNIFE), Италија.
Проектот „Лабораторијата за интелигенција за климатска отпорност“ вклучува дискусии за оперативното планирање и усогласувањето на партнерите околу клучните задачи и механизмите за координација, информираа од ФИКТ Битола.
-Учесниците во проектот ќе постават основа за координирана реализација на проектните активности и за развој на заеднички пристапи кон климатската отпорност. Иницијативата овозможува интердисциплинарната соработка и се вклопува во пошироката мисија на Алијансата КОЛОРС чија основна цел е зајакнување на соработката меѓу европските универзитети и нивните региони, посочија од ФИКТ Битола.
На гостите од Универзитетот во Кастиља-Ла Манча, Шпанија, и Универзитетот во Ферара, Италија, домаќините им ги презентираа културно историските споменици и спомен обележја во Битола.
МИА

