Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: 210 милиони евра е целокупната вредност на инвестициите кои преку ИПАРД ќе бидат реализирани во земјоделскиот сектор и во руралниот развој во следните години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Бачовски: 210 милиони евра е целокупната вредност на инвестициите кои преку ИПАРД ќе бидат реализирани во земјоделскиот сектор и во руралниот развој во следните години
Саеми и манифестации

Бачовски: 210 милиони евра е целокупната вредност на инвестициите кои преку ИПАРД ќе бидат реализирани во земјоделскиот сектор и во руралниот развој во следните години

Објавено 01/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, на конференцијата „Година на нови можности“ во разговор со соговорниците на Панел 4 – „Рамномерен регионален и локален развој – придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“, потсети на важноста од соработката меѓу институциите на локалната, централната власт но и дијаспората во обезбедување на поголем рурален развој.

Соговорници му беа министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, министерот задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи и директорката на Агротим и експерт за земјоделство, Ленче Николовска.

„Рамномерниот развој и инвестициите во руралниот развој се тесно поврзани и нивното интензивирање носи бенефит и благосостојба за секое населено место. Доколку сакаме благосостојба на секое поле, потребна е соработка на сите општествени актери и во државата и во странство. Целосно го поддржувам оној пристап во делот на дијаспората, односно оние центри коишто пред се треба да ги информираат за сите збиднувања дома, но и да им ги покажат сите можности за да можат да инвестираат. Само така на дијаспората ќе ѝ покажеме дека некој дома навистина мисли и се грижи за нив. Со оглед на тоа што сме насочени кон европските и светските трендови, добро е да го „купиме“ целото знаење од експертите кои ни се на располагање и конечно да направиме некој исчекор во тој правец и во благосостојбата на локалните самоуправи.“ , рече Бачовски и додаде дека информираноста на земјоделците за сите новитети коишто се многу во последните години навистина е важно и сите државни институции, особено оние коишто се од земјоделскиот сектор треба да посветат внимание на информираноста, бидејќи само добрата информираност ги сузбива сите шпекулации.

„Во моментов важиме како земја лидер во делот на искористеност на ИПАРД програмата со над 2300 потпишани договори за финансиска поддршка. Во март месец беше донесена од страна на Европската комисија ИПАРД 3 програмата, каде што е најзабележително дека државата добива многу зголемен буџет, односно 62% повисок буџет. ИПАРД програмата до пред неколку години беше табу-тема и она што е навистина констатација, особено низ бројки е дека во последниве пет години е направен еден огромен прогрес во тој дел, што е препознаено од страна на нашите партнери од Европската комисија, кои не случајно го зголемија буџетот за 62%. Голем буџет, 210 милиони евра ќе биде целокупната вредност на инвестициите што ќе бидат направени во земјоделскиот сектор и во руралниот развој во следните години, што претставува сериозен предизвик и за самите корисници, меѓутоа и за институциите.“, рече Бачовски.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
(Во живо) Панел „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“
Бачовски: За 10 дена ќе има исплата на субвенции за млеко
Таг:никица бачовскипанел
Претходен напис Ристо Пенов: Неопходно е прифаќање на инструментот финансиска децентрализација како што е замислен и како што има потенцијал да се развива
Следен напис Времето денеска сончево, попладне слаб снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?