Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ристо Пенов: Неопходно е прифаќање на инструментот финансиска децентрализација како што е замислен и како што има потенцијал да се развива
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Ристо Пенов: Неопходно е прифаќање на инструментот финансиска децентрализација како што е замислен и како што има потенцијал да се развива
Рурален Развој

Ристо Пенов: Неопходно е прифаќање на инструментот финансиска децентрализација како што е замислен и како што има потенцијал да се развива

Објавено 01/02/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на конференцијата „Година на нови можности“, на панелот „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделството“ зборуваше и министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов. Министерот се осврна на реализираните проекти во 2022 година, проектите планирани за 2023 година, како и за финансирањето на општините.

„Кога говориме за регионалниот развој, треба да споменеме дека тој во Република Северна Македонија е комплетно децентрализиран. Во 2022 година, иако беше енергетски и економски кризна година, средствата за рамномерен регионален развој се зголемуваа. Основна оценка што можеме да ја кажеме е дека сите средства беа целосно реализирани и особено сме задоволни што сите општини реализираа најмалку по еден проект. Во 2022 се реализирани 215 проекти. Од нив најмногу е инвестирано во комунална инфраструктура, но она што посебно сакам да го одбележам е обновувањето на возниот парк на противпожарните служби особено во Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион каде што речиси секоја општина доби барем по едно противпожарно возило. Со овие средства се обидовме да го подигнеме технолошкото ниво преку набавка на комунална опрема, пред се возила во 19 општини.

За 2023 година подготвуваме еден поинаков приод во реализацијата на проектите. Продолжуваме да соработуваме со ЕУ и со нејзините ИПА фондови, со UNDP каде што работиме за јакнење на капацитетите на општините. Во 2022 заради проценката дека е низок административниот капацитет на општините подготвивме 60 технички документации за проекти во 48 општини со кои ќе можат да аплицираат пред европските и други фондови. Да ја истакнам соработката со USAID со која работиме на финансова децентрализација каде што се постигнуваат најзабележителни резултати, каде што имаме најголем заостаток како општини и како држава и веќе може да се пофалиме дека имаме и општини, со помош на USAID, со стоотстотна евиденција на објектите и субјектите за оданочување со данок на имот како што е општината Кавадарци.

Во 2023 ќе се обидеме малку со избор на проекти од поголемо регионално значење и така се определивме заедно со Швајцарската влада да ги реконструираме Кардиолошката клиника во Охрид, заради значењето за градот, Институтот за нефрологија во Струга, целосна реконструкција, Институтот за белодробни заболувања во Отешево. Во Ѓорче Петов едно училиште ќе го реконструираме во дом за деца со тешки заболувања, за рехабилитација, во Кавадрци ќе го решаваме проблемот со кучињата скитници, во Радовиш, Конче и Василево поставуваме фотоволтаици на покривите на јавните институции, во Берово доградуваме детско одморалиште во дом за стари лица. Ќе ставиме акцент на опремување на општините со комунална опрема и ќе се обидеме да го решиме проблемот со амбулантни возила.

Економската и енергетската криза предизвикани првенствено од војната во Украина, сериозно ги погоди општините во земјава, а анализите од првите девет месеци во 2022 година, покажуваат катастрофален однос на општините во услови на криза.

-Војната во Украина, која предизвика економска и енергетска криза, многу сериозно ги погоди општините во земјава и им ги зголеми трошоците и поголем дел од буџетите за финансирање на трошоците за енергија. Во анализата на UNDP со податоци од деветте месеци, констатирани се ефекти кои говорат за катастрофално лош однос на општините во услови на енергетска криза. Со бројки, трошоците за енергија вкупно во општините во деветте месеци од 2022, се зголемиле за една милијарда денари. Општините тој трошок се обиделе да го надоместат со намалување на капиталните инвестиции, но таа милијарда ја надоместиле со намалување на капитални инвестиции за 1,9 милијарди или двојно повеќе и притоа ги зголемиле долговите за дополнителни 800 милиони денари, што говори за еден катастрофално лош или нерационален однос кон развојот на општините и кон граѓаните – рече Пенов.

Министерот потенцираше дека во иднина неопходно е прифаќање на инструментот финансиска децентрализација како што е замислен и како што има потенцијал да се развива.

-Кога сме кај финансиите на општините, 18 години по воведувањето, финансиската децентрализација не е искористена. Не е мрднато чекор напред и тука најиздашниот извор на приход, данокот на имот, е најмалку искористен. Се смета дека повеќе од 70 отсто од објектите не се евидентирани за да се оданочуваат. Комуналиите кои општините ги доживуваат како најинтересен извор на приход кога се бара дозвола за градење, се исти веќе 20 години, а гледаме дека околу нас се градат екстремно профитабилни објекти. Цените на становите растат, а комуналиите не успеваат дури ни да ја финансираат обврската на општината за дадениот објект и се држат на ниско ниво. Да не говорам за цените на комуналните услуги каде што има чист популизам. Во такви услови, спасот се бара во „дајте ми државни пари“, „дајте ни можност да се задолжуваме“, а сопствените ресурси кои стојат на располагање воопшто не се обидуваат да ги искористат. Следните години ќе бидат години на напори во тој правец заедно со USAID, UNDP, со фондовите од ЕУ работиме на промена на овие соодноси и прифаќање на инструментот финансиска децентрализација како што е замислен и како што има потенцијал да се развива, потенцираше Пенов на панелот „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделството“.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Перински од Лозово: Рамномерниот регионален развој започнува од малите општини и таму инвестициите најмногу се чувствуваат
Таг:локална децентрализацијарегионален развој
Претходен напис Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цената на бензините останува иста
Следен напис Бачовски: 210 милиони евра е целокупната вредност на инвестициите кои преку ИПАРД ќе бидат реализирани во земјоделскиот сектор и во руралниот развој во следните години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?