Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема причини за стравувања од траен недостиг на млеко, велат преработувачите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема причини за стравувања од траен недостиг на млеко, велат преработувачите
Агровести

Нема причини за стравувања од траен недостиг на млеко, велат преработувачите

Објавено 14/09/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производството на сурово млеко е намалено, пред се, поради сушата и поскапувањата на добиточната храна, но воопшто не може да стане збор за траен недостиг, ниту има простор за такви стравувања, велат преработувачите.

Според нив, двете страни – и преработувачката индустрија и производителите соочени со енормниот пораст на трошоците и поскапувањата на енергенсите за 400 – 500 отсто, вложуваат максимални напори да ја зголемат откупната цена која во однос на минатата година бележи раст од околу 40 проценти, а кај фармерите со висок квалитет е и над 50 отсто.

– Предизвиците во македонската млечна индустрија не се ништо ново. Ако се потсетиме на 2011-та и 2016 година, ќе видиме дека темите биле исти. Во тековниот период производството на сурово млеко е намалено првенствено поради сушата и поскапувањата на добиточната храна од чиј увоз сме традиционално зависни. Сепак, може да се каже дека не се работи за траен недостиг на млеко, нема причини за такви стравувања. Мора да се каже и дека за перцепцијата на недостиг придонесува и зголемената побарувачка и купување поради гласините дека млеко ќе нема, вели за МИА Ѓорѓи Петрушев, претседател на Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко, како и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија во Стопанската комора на Северна Македонија.

Петрушев порачува дека „во ваква ситуација би било добро конечно да дојде и до реализација на најавената исплата на сите заостанати субвенции за литар предадено млеко, како и на најавените интервентни два денара за дел од млекото предадено во 2022 година“.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера најави дека Интервентната програма ќе биде дополнета со мерка за финасиска поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Пред два дена, пак, министерот Љупчо Николовски потврди дека млеко ќе има. Како што рече, ќе се обезбедуваат доволно прехранбени производи, а така ќе биде и за млекото.

-Во рамки на договорот за обезбеденост со храна што го склучивме на последниот Самит на Отворен Балкан, се формираше и Комисија која ги анализира сите складишни капацитети на трите држави со цел да ги обезбедиме граѓаните со основните продукти. Ние за 30 отсто предлагаме зголемување на основните субенции по грло во делот на сточарството, ги елиминираме сите мерки кои се злоупотребуваа до сега на база на сите анализи и верувам дека овој концепт ќе даде сериозна поддршка во делот на сточарството, како и останатите мерки од Програмата за рурален развој, истакна Николовски.

Од Министерството за економија за МИА нагласуваат дека во континуитет се следи состојбата на пазарот со основните прехранбени производи во кои влегува и млекото.

– За таа цел во изминатиот период се донесоа две значајни мерки: ограничување на трговската маржа до 10 отсто на трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти со важност до 30 септември 2022 и во тек се анализи за оправданост на трговската маржа и евентуално продолжување за следниот период, како и укинување на царински стапки за увоз од светот на два тарифни броеви од царинската тарифа на именување на млеко и павлата и тоа за некoнцентрирано и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со тарифен број 0401 50 39 00 со царинска стапка од 20 отсто и за кoнцентрирано или сo дoдаден шеќер или други материи за засладување со тарифен број 0402 91 59 00 со царинска стапка од 15 тсто. Примената на укинатите царински стапки од 20 на 0 и 15 отсто на 0 проценти почна да се применува на 1 септември 2022 и ќе важи до 31 декември 2022 година, напоменуваат од Министерството за економија.

Владата на Србија на 6 септември годинава донесе одлука за забрана за извоз на сурово и пастеризирано млеко, освен за Северна Македонија и Албанија.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:млеко
Претходен напис Жетвените остатоци како споредни производи можат да се искористат на повеќе начини
Следен напис Генетски модифициран виолетов домат одобрен од Министерството за земјоделство на САД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?