Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема откуп на вишокот тутун од идната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема откуп на вишокот тутун од идната година
Агровести

Нема откуп на вишокот тутун од идната година

Објавено 10/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од идната реколта нема повеќе да има откуп на вишокот тутун, а откупувачите ќе откупуваат само околу 21 милион килограми, информира Сител.

И покрај апелите на Сојузот на земјоделски здруженија и Асоцијацијата на земјоделци да не се склучуваат договори со откупувачите, тутунарите веќе склучиле 40-тина% од предвидените договори. Сега од земјоделските здруженија затоа апелираат тутунарите да внимаваат на колкава количина ќе склучат договор, затоа што ќе треба да произведат само толку.

„За секое склучување на договор во најкраток рок да си ги побараат договорите за да знаат колку тутун да засадат, за да не дојде в година со истите проблеми како сега. Да знаеме кој колку тутун треба да сади“, вели Злате Даноски, претседател на здружение „Мице Козар“ Прилеп.

„И мене ми е жал, но тутунарите нека водат сметка, колку килограми ќе има во договорот толку нека садат инаку за випокот на тутун државата повеќе нема да има одговорност“, рече Муса Ибраимоски, претседател на здружение „Златен лист“ Долнени.

Вчерa Собранието ги усвои измените на законот со кој се продолжува откупот на тутунот до 31 март. Тутунарите се надеваат дека до крајот на месецов ќе се откупи целиот вишок на тутун. И од Асоциијацијата на земјоделци ги повикуваат тутунарите да не произведуваат тутун над договореното и да започнат да садат други култури.

„Оние тутунопроизводители кои не можат да засадат доволно количини на тутун, нека се преобратат кон друго“, додаде Петре Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

И од Сојузот на земјоделски здруженија и од Асоцијацијата на земјоделци повикаа утрешниот штрајк на тутунарите со блокада на патот Прилеп – Скопје да се ставел во мирување затоа што проблемите, според ниви, ќе се решеле за брзо.

Извор – Сител

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:земјоделцитутун
Претходен напис Забранет увоз на краставици од Албанија во република Српска
Следен напис Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со праски, кајсии, цреши и вишни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?