Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со праски, кајсии, цреши и вишни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со праски, кајсии, цреши и вишни
Субвенции

Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со праски, кајсии, цреши и вишни

Објавено 11/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за одржување на постоечки овошни насади со праски, кајсии, цреши и вишни објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 1.7: Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади (праски, кајсии, цреши, вишни)

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Прифатлив минимален број на овошки по хектар за за постоечки производни овошни насади, за секој од наведените овошни видови одделно е даден во следната Табела која е составен дел на оваа уредба;

Табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови

Ред. број
Овошен видПрифатливиот број на садници по хектар е над
1.праски330
2.кајсија400
3.цреши240
4.вишна500

-Висината на директните плаќања за праска изнесува 36.000 денари по хектар, односно 42.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања за вишна, кајсија, цреша, изнесува 33.000 денари по хектар, односно 39.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања определени со оваа уредба, со оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа за секој вид одделно: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60%,  и над 30 ха 30%.

Мерка 1.8: Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7. за овошни култури предадени во преработувачки капацитет

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и киви и се корисници од подмерка 1.7. на оваа уредба, оствареното производство на овошје да е предадено во преработувачки капацитети за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 година до 25 декември 2021 година, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.8 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 25 декември 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:висинаовошни насадисубвенции
Претходен напис Нема откуп на вишокот тутун од идната година
Следен напис Времето денеска сончево и студено со северозападен ветер, од петок пораст на температурата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?