Републичката инспекција за храна на Република Српска забранила увоз на 4.240 килограми свежи краставици со потекло од Албанија поради зголемена содржина на пестициди, пренесува Aгроклуб.
При прегледот на пратката, надлежниот инспектор земал примероци за лабораториска анализа со цел испитување на остатоците од хемиски препарати за заштита.
Врз основа на извештајот за утврдената анализа издадена од страна на Институтот за вода од Бјелина, во анализираниот примерок е утврдено зголемено присуство на средството Оксамил. Количините биле над вредностите дозволени со Уредбата за максималните нивоа на остатоци од заштитни средства.
Увозникот побарал дополнителна анализа, која била извршена во Градскиот завод за јавно здравје во Белград, каде што е потврдена претходната анализа.
Врз основа на тоа, донесена е одлука за забрана за увоз на спорната пратка и наложено е уништување под надзор на надлежен орган на власта.
