Во Јапонија, птичјиот грип во текот на оваа сезона, уништил речиси 10 милиони живина на фармите, што е рекордно високо ниво на зголемување на бројот на заболени од птичји грип низ целата земја, соопшти јапонското Министерството за земјоделство.
Бројот на уништената живина се искачил на 9,98 милиони, бидејќи префектурата Ибараки, североисточно од Токио, соопшти дека почнала да уништува околу 930.000 кокошки заразени со птичји грип на фарма во градот Широсато.
Во текот на оваа сезона, потврдени се рекордни 56 инфекции во 23 од 47 јапонски префектури, пренесе Кјодо. Првиот сезонски случај на птичји грип беше потврден на живинарска фарма во префектурата Окајама, западна Јапонија, во октомври минатата година.
Се претпоставува дека најновите случаи на птичји грип во Јапонија биле предизвикани од птици преселници.
Според податоците на јапонското Министерство за земјоделство, шумарство и рибарство, претходното рекордно уништување на живина заразена со птичји грип изнесувало 9,87 милиони и беило извршено од ноември 2020 година до март 2021 година.
