Во Виница започнува дезинсекција против комарци – предупредување до пчеларите да ги заштитат пчелните семејства
Општина Виница известува дека на 2 јуни 2026 година, вторник, околу 2 часот по полноќ ќе се спроведе првото терестичко третирање против комарци на територијата на општината.
Дезинсекцијата е дел од Програмата за јавно здравје на населението за 2026 година. Во првата фаза ќе бидат опфатени површини во градот Виница и во населените места во општината.
Третирањето ќе се врши од земја, со специјално возило и со препарат одобрен од Агенцијата за лекови МАЛМЕД – Aqua-K-Othrine® Insecticide Space Spray Concentrate.
Општина Виница ги известува пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелните семејства.
Доколку временските услови не дозволат третирањето да се изврши наведениот датум, истото ќе биде спроведено наредниот ден.
