Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анализи на примероци од Дојранското езеро покажале дека водата може да се користи за капење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анализи на примероци од Дојранското езеро покажале дека водата може да се користи за капење
Агровести

Анализи на примероци од Дојранското езеро покажале дека водата може да се користи за капење

Објавено 01/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на летната туристичка сезона, Општина Дојран јавно ги објави резултатите од извршените анализи на површинска вода односно вода за капење од три мерни места на Дојранското Езеро. Примероците се земени на средината на минатиот месец од мерните места „Градска плажа“, „Плажа Гранико“ и „Плажа Полин“, а како што е наведено во објавата на Општината, анализите, кои како и секоја година ги врши ЈЗУ „Центар за јавно здравје” од Велес, се спроведени согласно Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година.

За мерното место „Градска плажа”, во извештајот на “Центарот за јавно здравје” – Велес се вели дека, согласно Правилникот за начинот и мерките на управување со водите за капење и Уредбата за класификација на водотеците, езерата, акумулациите и подземните води, анализираната мостра на вода од Дојранското Езеро, по однос на микробиолошките индикатори е оценета како добрa. По однос на физичко – хемиските параметри одговара на 5-та класа по присутна матност, 3-та класа по присуство на амонијак, додека по однос на останатите испитани параметри е во втора и прва класа.

Во извештајот се напоменува дека водата на ова мерно место може да се користи за капење и рекреација и покрај отстапувањата од бараната втора класа на одредени физичко – хемиски параметри кои како што е наведено во овој документ, не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Сепак, поради видлива пролиферација на алги, појава на пена на брегот, како и количина на биомаса со зеленкаста боја, се наведува дека е потребно да се изврши анализа на фито и зоопланктон од страна на ЈНУ “Хидробиолошки завод” од Охрид за комплетна проценка на безбедноста на водата и нејзината еколошка состојба.

За останатите две мерни места – плажата кај угостителскиот објект „Гранико” и плажата кај хотелот „Полин”, оценката на истата установа е дека примероците на вода според микробиолошките индикатори се оценети како одлични, а за сите други индикатори е дадено истото мислење како и за проверката на вода од Градската плажа, со крајниот заклучок дека за комплетна проценка на безбедноста на водата треба да се изврши анализа и од страна на „Хидробиолошкиот завод” од Охрид.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:анализиДојранското Езерокапењепримероци
Претходен напис Нега на чапунките кај молзните крави
Следен напис Реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?