Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наводнување во органското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Наводнување во органското производство
Органско производство

Наводнување во органското производство

Објавено 28/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред да започнеме со органско производство, треба да знаеме со каква вода располагаме. Затоа, задолжително е да се тестира водата хемиски и микробиолошки.

Стандардите се пропишани за содржината на одредени елементи, бидејќи сите елементи се корисни до одредена граница, а прекумерните количини од нив можат да бидат многу штетни за нашите култури кои ги одгледуваме.

Зголемени концентрации на одредени елементи може да бидат од отпадните води, а најчест загадувач е човекот, односно човечкиот фактор. Водата со која наводнуваме мора да биде од l или ll класа, а наводнувањето треба да се врши во оптимален период, според видот и сортата на зеленчукот.

Наводнувањето го започнуваме пред сеидба и садење, ако има суша, при негово одгледување. Во органското производство правило е помалку обилно наводнување и за овие цели можеме успешно да користиме дождовница, проточна речна вода, каналска вода, а ладната вода од бунарите е понеповолна (предизвикува стрес кај растенијата). Температура на водата пониска од 15 степени како и наводнувањето во топлите попладневни часови, доведува до оштетување на лисјата и стеблата на растенијата, особено на оние на кои им се потребни повисоки температури за раст (пиперка, модар патлиџан, лубеница).

Најповолен начин на наводнување е системот „капка по капка“. Не се препорачува наводнување со прскање бидејќи ја набива почвата – ја расипува структурата, додека наводнувањето со бразди може брзо да ги прошири спорите на одредени растителни патогени.

Градинарските растенија се наводнуваат наутро во студените денови, а во доцните попладневни часови и навечер во лето. Овие видови наводнување придонесуваат за заштеда на вода (помалку испарување), а растението е изложено на помалку температурни промени.

Може да ви се допадне

Наводнување на овошките според фазите на развој
Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти
Започна проектот „Подобрување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Израелскиот рецепт за земјоделство: Не повеќе вода, туку повеќе знаење
Таг:воданаводнувањеорганско производство
Претходен напис Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег
Следен напис Импресивни глетки од заледениот овоштарник на Марко, каде што јаболката се заштитуваат од мраз со оросување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?