Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: И животните на удар од топлотниот бран – да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > И животните на удар од топлотниот бран – да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода
Агровести

И животните на удар од топлотниот бран – да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода

Објавено 31/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување. 

Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага и недоволна вентилација, може да дојде до топлотен удар. Сончаницата, пак, се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сончево зрачење. И во двата случаи исходот може да биде фатален ако не се дејствува навреме и доколку животните се изложуваат на напорната работа или се транспортираат при високи температури.

– Порастот на температурите претставува стрес за секое животно, а може да се манифестира со намален апетит, послабо внесување храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите, кои се јавуваат на крајот, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција – велат од АХВ за МИА.

Во вакви услови, додаваат, животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде што има доволно свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода, телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.

Од АХВ предупредуваат домашните миленици да не се оставаат во затворени автомобили, кои се директно изложени на сонце, ниту да се изнесуваат на прошетка во најтоплиот период од денот. Сопствениците да им обезбедат доволна количина, постојано свежа и чиста вода, како и престој во проветрени простории.

– На фармите да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, на испустите треба да има натстрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да биде во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или да се користат за работа бидејќи тогаш температурите се пониски – препорачува АХВ. 

АХВ

Може да ви се допадне

Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи – запленети 64 илјади евра
Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите
Хоџа во посета на „Нелкоски Органик Фуд“: Современата преработка создава додадена вредност за земјоделството
РСБСП со апел за безбедно возење по повод 2. Август – Ден на Републиката
Таг:водаживотнитесвежатоплотниот бран
Претходен напис Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи – запленети 64 илјади евра
Следен напис Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?