Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Импресивни глетки од заледениот овоштарник на Марко, каде што јаболката се заштитуваат од мраз со оросување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Импресивни глетки од заледениот овоштарник на Марко, каде што јаболката се заштитуваат од мраз со оросување
Растително производство

Импресивни глетки од заледениот овоштарник на Марко, каде што јаболката се заштитуваат од мраз со оросување

Последна измена: 28/11/2024 13:24
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Кога температурите се малку над нулата, почнуваме со оросување и не застануваме сè до раното претпладне, додека мразот не се стопи, вели Марко Кудец, носител на семејна фарма од Ходошан во Меѓимурската жупанија, кој својот овоштарник го заштитува со антифрост систем.

Фото: Инстаграм

Не спиеле четири ноќи бидејќи пумпите за наводнување работат постојано сè додека температурите се во минус.

„Но, благодарение на прскањето, ќе можеме да ги заштитиме своите јаболка“, нагласува младиот овоштар, кој го продолжил семејниот бизнис со производство на овошје, истакнувајќи дека заштитата со оросување, односно антифрост системот е најефективниот начин.

Фото: Инстаграм

„Кога температурите се малку над нулата, почнуваме со оросување и не застануваме сè до раното претпладне, додека мразот не се стопи“, објаснува тој и додава дека додека водата што ги оросува овошките се замрзнува, се ослободува мала количина енергија што ги штити цветовите и пупките на јаболката.

Најскап, но и најефектен начин на заштита

Благодарение на овој ендотермички процес, тие успеваат многу ефикасно да ги заштитат овошките од мраз. Но, процесот на оросување не смее да запре, бидејќи во спротивно доаѓа до замрзнување и целосен колапс на родот.

Фото: Инстаграм

„Прскањето со вода е најскапиот, но исто така и најдобриот начин за заштита од мраз“, вели сопственикот, кој произведува повеќе од 500 тони јаболка годишно во својот овоштарник од 11,5 хектари, највисоки сорти.

„Нашиот регион има специфична микроклима, кај нас е секогаш два или три степени постудено отколку во околината, па без заштита не би имале скоро никаков принос“, открива тој.
Во овоштарникот поставиле и мала метеоролошка станица.

Фото: Инстаграм

„Временските услови стануваат сè почудни, веќе неколку години се бориме со мразот. Минатата пролет температурите се спуштаа и до минус 8 степени.“, вели Марко.

Без вложување нема приход

Својот овоштарник го заштитил и со мрежи против град, па така семејната фарма Кудец со ваквите инвестиции успева да одговори на сè почестите закани предизвикани од климатските промени.

Фото: Инстаграм

„Во текот на летото наводнуваме со капка по капка и на тој начин обезбедуваме соодветни услови. Без инвестирање во наводнување и заштита од град денес веќе не е можно да се обезбеди посакуван род“, предупредува овој млад производител на јаболка.

Фото: Инстаграм

Извор: Agroklub.com

Може да ви се допадне

До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Земјоделците од Страчинци се уште чекаат обешетувањето за минатата година
Ќе се обесштетат битолските овоштари од временските непогоди
Од 1988 година земјоделците не паметат снег во април – штети ќе има најмногу кај овошните култури
Снегот и ниската температура 90 насто ќе ги оштетат јаболката во Преспа
Таг:заледениот овоштарникИмпресивни глеткијаболкатаМаркомразоросување
Претходен напис Наводнување во органското производство
Следен напис Кружни системи за наводнување – предности и недостатоци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?