Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Направете жива ограда од овошје и зеленчук


Живата ограда направена од растенија чии плодови може да се јадат, станува сè попопуларна затоа што таа е направена од зеленчук, овошје или може да биде и од  јаткасти растенија  и има дополнителни предности заради своите плодови .

Ако планирате да направите жива ограда во вашата градина заради заштита на приватноста или видливоста, можете да изберете растенија со плодови кои можат да се јадат. Претворете ја вашата идеа за жива ограда во  низа соствена од мали овошни дрвја, јаткасти растенија или грмушки, но и од зеленчук.

Живите огради направени од растенија кои имаат плодови за јадење стануваат сè попопуларни. Одгледувањето ваква ограда има дополнителна предност не само поради вкусните плодови, туку и заради тоа што ќе се користи како заштита на вашата приватноста.

Покрај тоа, потребен е и помал простор бидејќи со режење, може да се  направи гранките да се шират само на две страни, а втората придобивка е тоа што плодовите добиваат многу сончева светлина и топлина.

Избор на растенија 

При изборот на растенијата, треба да се земе предвид нивната висина, односно тие  треба да бидат со мал раст и со пониски гранки. За да се заштедите пари за надополнување или замена на постоечките растенија, во случај некои од нив да се исушат, неопходно е да се изберат растенија што лесно се размножуваат. Исто така, постојат растенија со трња кои обезбедуваат дополнителна заштита, особено од животни.

Кога правите жива ограда од овошни  садници , треба да размислите дали сакате да засадите еден вид или сакате да измешате неколку видови овошја. Иако оградата со еден вид  изгледа  поубаво и поуниформирано, различните видови  се попривлечни заради различните форми, текстури и бои, а ќе имате  и поголем избор на плодови за јадење. Исто така ако одгледувате различни видови ќе овозможите накрсно опрашување.

Иако живата ограда може да се изрежат до саканата висина, повеќето овошни сорти ќе изгледаат поубаво и ќе дадат повеќе плодови доколку им се дозволи да растат до нивната природна висина. Затоа, при изборот на сортите, имајте на ум каква е нивната природна големина, со оглед на големината што вам ќе ви одговара и каде сакате да ги засадите.

Садење на живата ограда

Најдоброто време за садење на ваква жива огрда е тогаш  кога растенијата мируваат, или во текот на зимата кога временските услови тоа го  дозволуваат или пак  во рана пролет. Почвата треба да се исчисти од плевел, да се прекопа и да се направи бразда со ширина од еден до три метри, во зависност од растителните видови што ги садиме, а исто така  може да се додаде и компост  во почвата за да се подобри нејзината плодност.

Овошните грмушки можат да се садат на помали растојанија, но сепак е важно да се избегне прегустото садење. Младите растенија првично може да изгледаат ретки, но тоа е поправилно отколку да се садат премногу блиску и да се добијат издолжени стебла кои  ќе се борат за светлина и за  хранливи материи. Кога купувате садници во расадниците, можете да го проверите препорачаното растојание за секој растителен вид.

Предлог за ваквата жива ограда се, црешата, костенот, калинката, смоквата, глог, слива, праска и дуња. Грмушки  можете да ги претворите во  жива ограда се капини, аронија, боровинки, боз, брусница, грозје и малини. Во потоплите краеви можат да се садат и маслинка, ананас, лимон и фејоа.

Додека повеќето живи огради чии плодови  може да се јадат се базираат на овошни сорти, не заборавајте и  на зеленчукот и јаткастите растенија. Аспарагусот и пченката формираат густи редови кои ја штитат нашата приватност во лето, но исто така даваат и плодови. Исто така, грмушките од јаткастите растенија  можат да направат привлечна ограда.

Извор : Агроклуб.рс

Фев 10, 2020agrotim2
Услови за аплицирање на повикот за мерка 113 - неповратни 20.000 евра за млади до 40 годиниПроменливо облачно со услови за локален дожд

Напишете коментар Откажи одговор

10/02/2020 Магазинжива ограда, жива ограда која има плодови што се јадат, овошје и зеленчук1,017

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019